
Навреди од Софија, апсење на Деве Баир: Трифонов порача „ЕУ низ крива макарона“, полицијата заплени боксирачи
Односите меѓу Скопје и Софија повторно влегуваат во турбулентна фаза, одбележана со тешки вербални навреди од бугарски политичари и конкретни безбедносни инциденти на граничните премини. Лидерот на партијата „Има таков народ“, Слави Трифонов, искористи изолиран инцидент со скршено стакло на бугарската амбасада за да упати досега најдиректна закана кон македонските евроинтеграции, додека истовремено македонската полиција спречуваше влез на лица со ладно оружје.
Трифонов: „Тајно сонувате бугарски пасош, а глумите омраза“
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Во својот најнов Фејсбук статус, шоуменот и политичар Трифонов не штедеше навредливи зборови, сликајќи портрет на Македонија како земја која живее во лицемерие. Коментирајќи го инцидентот каде поединец го оштетил прозорецот на бугарската дипломатска мисија, тој заклучи дека тоа е одраз на колективната омраза, потсетувајќи на графитите „Бугари умрете“ кои наводно ги видел во минатото.
„Ако не сакате – во ред. Не можеш да направиш убавина со сила,“ напиша Трифонов, додавајќи ја сега веќе виралната фраза: „Ќе останете во Северна Македонија, ќе кршите стакла и ќе ја гледате Европската унија низ крива макарона. Бидејќи, објективно кажано, токму тоа го заслужувате.“
Тој отиде чекор понатаму, обвинувајќи ги Македонците за двоен морал – дека јавно шират анти-бугарска хистерија, а приватно „тајно сонуваат за бугарски пасоши“, ги праќаат децата на студии во Бугарија и летуваат на Сончев Брег.
Инцидент на Деве Баир: Протеран Бугарин со метален боксирач
Додека политичката реторика се вжештуваше на социјалните мрежи, на терен ситуацијата ескалираше со обид за внесување ладно оружје. Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти детали за инцидентот на граничниот премин Деве Баир.
Полициските службеници, во координација со царината, извршиле детален претрес на возило „хонда џез“ управувано од 47-годишниот бугарски државјанин Н.И.Л. При претресот, не биле пронајдени само пропагандни материјали, туку и метален боксирач – предмет чија употреба е строго забранета и кој нема никаква врска со мирно оддавање почит. Покрај оружјето, одземен е и транспарент со навредлива содржина што се однесува на настаните од 1945 година.
Епилогот е брз и ефикасен: Лицето е изведено пред суд во Крива Паланка, платена е глоба, а изречена му е мерка „протерување на странец“ и забрана за влез во Македонија во траење од една година.
Пропагандно фијаско: Само тројца на панихидата за Мара Бунева
И покрај агресивната кампања на бугарската Фондација „Македонија“ и најавите дека ќе го облепат Скопје со постери за наводната „Крвава коледа“, реалноста на терен покажа сосема друга слика. Нивните закани дека ќе го „опседнат“ просторот пред канцеларијата на премиерот Христијан Мицкоски останаа само на зборови.
На панихидата за Мара Бунева во црквата „Св. Димитрија“ во центарот на Скопје, се појавија само три лица. Ова фијаско ги демантираше тврдењата на бугарските националистички кругови за масовна поддршка и „будење“ на бугарската свест во Македонија, оставајќи ги нивните активности изолирани и без никаков реален одек меѓу граѓаните.


