
ГРЦИЈА Е БЛОКИРАНА: „Евзони“ и „Меџитлија“ затворени 48 часа – ако патувате, одете само преку Дојран!
Кошмарот за патниците и транспортерите стана реалност. Грчките земјоделци го остварија предупредувањето и започнаа масовна 48-часовна блокада која ја отсече Македонија од јужниот сосед.
Распоред на блокадите (8 и 9 јануари)
- ГП Меџитлија (Ники): Блокадата започна во 10:00 часот (македонско време). Затворено е за камиони, автомобили и автобуси. Најавено е дека земјоделците можеби ќе пуштаат возила периодично, но ризикот од чекање е огромен.
- ГП Богородица (Евзони): Од 11:00 часот (12:00 по грчко) стартува целосна блокада за сите видови возила (влез и излез). Тракторите се веќе паркирани и преминот е непробоен.
Единствен спас: Дојран
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Ако морате да патувате кон или од Грција, единствената опција во моментов е граничниот премин Стар Дојран, каде што нема поставени блокади и сообраќајот се одвива непречено.
Грција поделена на два дела
Дури и да влезете преку Дојран, движењето низ Грција е пекол. Земјоделците го блокираа автопатот Солун-Атина, како и клучниот автопат „Егнатија“. Земјата е буквално поделена на два дела и патувањето од север кон југ е речиси невозможно.
Властите се закануваат со апсења
Грчката влада активираше „План Б“. Обвинителот на Врховниот суд испрати наредба до полицијата да интервенира и да пишува казни, па дури и да апси, доколку се загрозува безбедноста на сообраќајот. Сепак, земјоделците ги одбија владините мерки (поевтина струја и даночни олеснувања) и радикално продолжуваат со протестот.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден








