во ,

УНИЦЕФ предупредува, речиси 200 деца убиени во ескалацијата на конфликтот

Речиси 200 деца се убиени низ Блискиот Исток од почетокот на ескалацијата на конфликтот поврзан со Иран, соопшти УНИЦЕФ. Според податоците на организацијата, најголем дел од жртвите се регистрирани во Иран, додека загинати деца има и во Либан, Израел и Кувајт.

Супер Попуст -25%

Според информациите, 181 дете загинале во Иран, седум во Либан, три во Израел и едно во Кувајт. Од УНИЦЕФ предупредуваат дека воената ескалација веќе има разорни последици за најмладите.

„Децата не започнуваат војни, но плаќаат неприфатливо висока цена за нив. Воената ескалација низ Блискиот Исток веќе има сериозно влијание врз децата“, наведуваат од организацијата.

Трагедија во училиште во јужен Иран

За време на првиот ден од нападите врз Иран, погодено било училиште за девојчиња во градот Минаб, во јужниот дел на земјата. Според информациите од иранските власти, во нападот загинале најмалку 175 ученички.

Нападот се случил во саботата, откако САД и Израел најавија заеднички воени акции против цели во Иран.

Меѓусебни обвинувања и најавена истрага

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ги обвини САД и Израел за нападот, тврдејќи дека во бомбардирањето биле убиени голем број ученици.

Од друга страна, израелската војска соопшти дека нема информации за напад во таа област, додека Соединетите Американски Држави најавија истрага, нагласувајќи дека нивните операции се насочени исклучиво кон воени цели.

Меѓународните организации предупредуваат дека продолжувањето на конфликтот може да доведе до уште поголеми цивилни жртви, особено меѓу децата и населението кое се наоѓа во близина на зоните на борбите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп за 6 март, некои знаци чувствуваат нервоза

Израел започна нов бран напади врз цели во Иран