во , ,

Фотографијата од прекрасната Бразилка е предмет на потсмев на социјалните мрежи: Сакала да се пофали со бујните облини, но…

Речиси и да нема блогерка и инфлуенсерка во светов која не користи програм за уредување на фотографиите, но некои во тоа дефинитивно претеруваат и не се ни трудат да бидат дискретни.

Така, на мета на критики се најде и бразилската убавица Рафа Калиман која на Инстаграм има над 20 милиони следбеници, а која неодамна објавила заводлива фотографија на која позира облечена само во бела поткошула.

Веруваме дека Рафа сакала да ги акцентира своите бујни колкови и виткиот струк, но нејзините следбеници забележале нешто друго…

Реклама

Имено, оваа зеленоока Бразилка веројатно се „заиграла“ во Фотопош со желба да изгледа совршено, но овојпат тоа не се одразило на неа туку на нејзиното куче кое изгледа многу чудно.

Популарната инфлуенсерка очигледно не го забележала тоа или пак не ѝ е важно, но корисниците на социјалните мрежи добиле инспирација за шеги кои траат веќе неколку дена.

„Дали твоето куче е добро?“, „Изгледа како да доживеало шлог“, „Сè што гледам на фотографијава е ликот на ова куче“, „Кучето е издрогирано, бидете сигурни во тоа“, се само дел од урнебесните коментари под објавата.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 Вработени во техничка поддршка ги споделуваат најлудите работи што ги виделе на работното место

Светот пред 20 години и денес: Работи кои тогаш не постоеја, а денес не можеме да се замислиме без нив