во ,

Фотошопирал фотографии со Иванка Трамп, а таа му одговорила…

Иванка Трамп минатата недела била во Индија со сопругот Џеред Кушнер, а нејзините фотографии резултирале со фотомонтажа која ја насмеа Твитер екипата.

Имено, на една од фотографиите Иванка и Џеред туристички позираат пред Таџ Махал. Набрзо Џеред бил заменет со млад Индиец, кој ја прегрнал ќерката на американскиот претседател.

https://www.instagram.com/p/B884gxXhDaS/?utm_source=ig_embed

Реклама

Ивана завршила и на велосипед на друг Индиец.

Познатиот индиски актер и пејач, Диљит Досањх ја ставил ногата врз неа.

„Ме наговараше да ја однесам до Таџ Махал, па ја однесов, што можев друго да направам“, се пошегувал.

Инаку, сите монтажи се негово дело. Иако инаку не се огласува кога станува збор за шеги, Иванка овој пат одоговрила.

На Диљит му напишала: „Ти благодарам што ме однесе до Таџ Махал, тоа беше искуство кое никогаш нема да го заборавам.“

Сите останати фотографии потоа ги споделила и коментирала: „Топлината на луѓето од Индија. Најдов многу нови пријатели.“


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

У паника од Кам…

Итар Пејо ја нашол волшебната ламба. Ја протрил и од неа излегол дух…