во ,

Хорор по натпреварот: Фудбалери го шутираа противникот во глава додека лежеше на земја!

Ужасен инцидент во Северна Ирска: Фудбалери упаднаа пред соблекувална и брутално претепаа противнички играч

Натпреварот од БДФЛ Купот помеѓу аматерските екипи на „Келвин Олд Бојс“ (до 21 година) и ФК „Вестленд Јанг Мен“ во Северна Ирска заврши со шокантни сцени на насилство кои ја згрозија спортската јавност. Инцидентот ескалирал во саботата, веднаш по завршувањето на мечот, кога група фудбалери насилно се обиделе да се пресметаат со противниците, предизвикувајќи хаос и брутална тепачка пред влезот на соблекувалните.

Шутирање во глава додека лежи на земја: Полицијата отвори истрага за видеото што го обиколи светот

Супер Попуст -25%

На вознемирувачката видео снимка што кружи на социјалните мрежи, јасно се гледа како еден фудбалер е кукавички нападнат од повеќе лица додека е соборен на земја. Напаѓачите безмилосно го удираат и го шутираат повеќе пати директно во пределот на главата, додека во позадината на кадарот се одвива уште еден физички конфликт на самиот влез во објектот. Поради екстремната бруталност прикажана на снимката, случајот веднаш е преземен од страна на локалната полиција, која спроведува детална истрага за да ги идентификува и кривично да ги гони насилниците.

 

 

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Временска прогноза: Денес облачно со магла, но вистинската промена настапува ноќеска

„Макрон е главниот непријател на мирот“: Жесток напад од француската опозиција по средбата со Зеленски