
Противпожарните екипи и надлежните служби континуирано работат на терен за справување со огнената стихија, која поради високите температури и сувата вегетација брзо се шири на отворен простор.
Локации на активните пожари
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Според најновите информации од ЦУК, во моментов интервенции се вршат на четири критични локации:
- Општина Студеничани: Активен пожар кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума.
- Општина Македонски Брод: Во појасот кај Видуш, Драгов Дол и Локвица е запалена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.
- Општини Велес и Зелениково: Пожарот во атарот на селото С’лп сè уште е активен и се шири кон селата Карабуњиште, Добрино и Тисовица.
- Општини Јегуновце и Сарај: Огнената стихија кај селата Копанце и Туденце се проширува кон Бојане.
Пожари кои се ставени под контрола
Покрај успешната ликвидација на 18 пожари, надлежните служби успеаја да стават под контрола уште три опасни жаришта.
Под целосна контрола се пожарите кај селата Алданци и Норово, како и кај Борино и Житоше во општина Крушево. Исто така, ставен е под контрола и пожарот што избувна на градската депонија во Кратово, со што е спречено понатамошно ширење и еколошка штета.


