
Станува збор за тројца хрватски државјани од српска националност (на возраст од 42, 45 и 46 години) и една 33-годишна државјанка на Полска, која неофицијално е девојка на еден од осомничените. Судијата на истрагата при Жупанискиот суд во Задар, Хрвоје Висковиќ, им одреди притвор поради опасност од повторување на делото, како и поради можност за влијание врз сведоците.
Пиромани фатени на дело по пријава од граѓани
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Според информациите од судот, осомничените дале искази и делумно ги признале делата. При апсењето, тројцата мажи биле под значително влијание на алкохол, додека за Полјачката сè уште се утврдува дали била алкохолизирана.
Тие биле лоцирани во саботата вечерта во автомобил со задарски регистарски ознаки, откако совесни граѓани пријавиле во полиција дека забележале лица кои палат оган покрај патот во поширокото подрачје на Бенковац.
Во продолжение на истрагата, клучна ќе биде анализата на нивните мобилни телефони и облеката. Обвинителството се сомнева дека четворицата дејствувале заедно и врз основа на претходен договор, палејќи ја сувата трева со обични запалки.
Штети и можни обвиненија за тероризам
Пожарите кои биле подметнати на 14 и 15 август на повеќе локации (Били Бриг, Земуник Долни, Галовац, Шкабрња и др.) предизвикале значителна материјална штета. Во огнената стихија целосно изгорел автомобил на 53-годишен маж, а уништени се и 43 маслинови дрвја.
- Осомничените во моментов се товарат за тешко кривично дело против општата безбедност, за кое е предвидена казна од една до десет години затвор.
- Главниот државен обвинител Иван Турудиќ не ја исклучи можноста делото да биде преквалификувано во тероризам, доколку се докаже дека целта била заплашување на населението или нарушување на државните структури.
- Кај еден од осомничените била пронајдена и полуавтоматска пушка, но таа засега не е поврзана со пожарите и се води како посебно кривично дело.


