во

ЧИЛИМАНОВ АНАЛИЗИРА: Нервоза во Тирана – Еди Рама се губи во сопствените политички игри!

Албанскиот премиер Еди Рама се соочува со сериозна политичка нервоза откако неговата долгогодишна стратегија на балансирање меѓу светските сили почна да се распаѓа. Додека Тирана се соочува со протести, Рама панично бара нови сојузници, а Македонија престанува да биде послушно поле за неговите политички манипулации.

Балканскиот политички ветеран, кој 13 години владее со Албанија, очигледно се заигра со сили кои се далеку над неговото ниво. Од најверен војник на империјата на Сорос и демократите во САД, Рама сега панично се обидува да фати приклучок кај администрацијата на Трамп, нудејќи албански острови за елитни летувалишта и воени бази. Но, неговата досегашна идеолошка опција не простува неверство, па тој одеднаш се соочи со тактиките што самиот ги спонзорираше низ регионот – обоени револуции и масовни протести во сопствениот двор.

Крај на послушноста и промена на курсот во Македонија

Супер Попуст -25%

За разлика од минатото, кога Рама креираше платформи и договараше македонски влади во неговиот кабинет во Тирана, ситуацијата денес е драстично променета. Македонија веќе не е „чергиче за бришење на патиките“ на албанскиот премиер, туку држава која, преку новата влада, активно ги обновува врските со македонското малцинство во Пустец и решително ги штити националните интереси. Времето кога Рама со потсмев зборуваше за македонските политичари пред европските лидери е дефинитивно завршено.

„Рама целосно го промашува моментот, мислејќи дека ова е 2017 година и дека повторно може со помош на меѓународниот фактор да бира премиери и коалиции во Македонија.“

Очајнички потези и барање надворешни непријатели

Соочен со силен внатрешен притисок и граѓански протести поддржани од прогресивните западни медиуми, Рама почнува да повлекува очајнички потези. Во обид да ја дефокусира јавноста, тој несмасно обвинува дека зад протестите стојат странски служби – ирански, грчки, па дури и македонски агенти. Уплашен од растот на опозицијата и губењето на регионалната контрола преку ДУИ, Рама покажува сериозни знаци на политичка слабост во регион кој веќе не ги толерира неговите интриги.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ШОКАНТНИ ЗАКАНИ: Командант на УЧК порача дека Македонија ќе гори ако Хаг ги осуди нивните водачи!

ТРАМП БЕЗ ПАРДОН: „Канада нè краде со години, воведуваме 50% царини за возилата!“