
Единствениот преживеан во падот на авионот на „Ер Индија“, во кој загина 241 лице, изјавил дека се чувствува „како најсреќниот човек на светот“, но дека истовремено преживува тешка физичка и психичка болка.
Вишвашкумар Рамеш (39), чија неверојатна снимка како се оддалечува од местото на несреќата стана вирална, го опиша своето преживување како „чудо“. Сепак, во несреќата во јуни тој го изгубил својот помал брат Аџај, кој седел само неколку реда подалеку.
Авионот „Боинг 787“ се урнал веднаш по полетувањето од западна Индија и се запалил. Снимките го прикажуваат Рамеш како излегува од хаосот, очигледно само со полесни повреди, додека зад него се издига густ чад.
„Го изгубив брат ми, не разговарам ни со сопругата“
Во емотивното интервју за „Би-Би-Си“, Рамеш изјавил: „Јас сум единствениот преживеан. Сè уште не верувам. Тоа е чудо. И јас го изгубив брат ми. Мојот брат е мојата движечка сила.“ Трагедијата, вели тој, му го уништила семејниот живот.
„Сега сум сам. Само седам сам во мојата соба, не разговарам со сопругата, со синот. Само сакам да бидам сам.“
Во несреќата загинаа и 19 луѓе на земјата. Прелиминарниот извештај навел дека доводот на гориво до моторот бил прекинат само неколку секунди по полетувањето. Истрагата е сè уште во тек.
Viswashkumar Ramesh was the sole surviving passenger when an Air India flight crashed in Ahmedabad, Gujarat, in June.
"It is very painful," Mr Ramesh tells @SophyRidgeSky on the new @RidgeandFrost pic.twitter.com/tQ3pdJQaYG
— Sky News (@SkyNews) November 3, 2025
„Секој ден е болен за целото семејство“
Ова е првпат 39-годишникот да разговара со медиумите откако се вратил во својот дом во Лестер, Велика Британија. Тој сè уште трпи тешки физички последици и болки во ногата, рамото и грбот, поради што не може ниту да работи, ниту да вози.

Обвинувања против авиокомпанијата
Неговите советници наведуваат дека во Индија му бил дијагностициран ПТСН, но дека по враќањето дома не добил никаков третман. Тие тврдат дека авиокомпанијата лошо се однесувала кон него и бараат итен состанок со раководството на „Ер Индија“. „Тие се во криза, ментална, физичка, финансиска. Кој и да е одговорен, треба да биде на терен, да се сретне со жртвите“, изјави локалниот лидер Санџив Пател.
„Ер Индија“ му понудила привремена отштета од 21.500 фунти, што тој ја прифатил, но неговите советници велат дека тоа не е ни блиску доволно. Семејниот рибарски бизнис што го водел со брат му, во меѓувреме пропаднал.
Портпаролот на семејството вели дека трипати барале состанок, но биле „игнорирани или одбиени“. Авиокомпанијата, пак, соопштила дека на претставниците на Рамеш им било понудено да се организира таков состанок и дека „искрено се надеваат на позитивен одговор“.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







