
‘Шамарот’ од 19.287 неважечки ливчиња: Скопје го предводи тивкиот протест, секое 16-то ливче во градот било поништено
Вториот круг од локалните избори, кој се одржа на 2 ноември во 33 општини, донесе јасна слика не само за тоа кој победил, туку и за длабокото незадоволство кај огромен дел од гласачкото тело. Иако излезноста на национално ниво беше 47,16%, она што ги одбележа овие избори е огромниот број на неважечки гласачки ливчиња – вкупно 19.287, или 5,6% од сите што излегле на гласање. Оваа бројка не е статистичка грешка, туку јасен политички став.
Епицентарот на овој тивок протест беше главниот град. Од вкупниот број на неважечки ливчиња во целата држава, повеќе од половина – дури 10.528 – беа само во трката за градоначалник на Скопје. Со излезност од само 35,33%, бројката на неважечки ливчиња е уште поимпресивна. Од 167.575 скопјани што излегле да гласаат, дури 6,3% одлучиле свесно да го поништат своето ливче. Статистички, тоа значи дека речиси секој 16-ти гласач во Скопје дошол на гласачкото место не за да поддржи некого, туку за да испрати порака.
Тренд што се потврди уште во првиот круг
Ова високо ниво на протестни гласови не е изненадување, туку само потврда на трендот што се виде уште во првиот круг. На 19 октомври, кога излезноста беше поголема (48,30% на национално ниво), беа регистрирани уште поимпресивни 53.724 неважечки ливчиња. И тогаш Скопје предничеше со 12.359 неважечки ливчиња за градоначалничката трка.
Високиот број на неважечки гласачки ливчиња во двата круга, кој се движи околу 6%, е феномен што ги надминува вообичаените технички грешки при гласањето. Оваа бројка претставува армија од десетици илјади граѓани кои се целосно отуѓени од понудените политички опции. Овој масивен, тивок глас на незадоволство е можеби најважниот резултат од овие избори, кој сите политички партии, без разлика дали се победници или поразени, ќе мораат сериозно да го анализираат.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







