во , , ,

Шансите за удар од астероид се поголеми отколку што се мислело

Шансите дека Земјата може да биде погодена од еден од најстрашните астероиди во нашиот Сончев Систем се поголеми отколку што се мислело претходно, според американската вселенска агенција НАСА.

Шансите за астероидот Бену да ја погоди Земјата во следните 200 години сега се еден во 1.750. Претходно тие биле еден во 2.700. Вселенското летало „Осирис-Рекс“ на НАСА им помогнало на научниците подобро да го разберат движењето на астероидот во следните векови.

Најризичен датум за удар ќе биде 24 септември 2182 година, пренесува „Скај њуз“.

Реклама

Сепак, шансите за удар се многу мали, порачал Давиде Фарнокија од Центарот за истражување на тела во близина на Земјата на НАСА.

„Осирис-Рекс“ го истражува Бену од 2018 година и сега се враќа кон Земјата откако собрал примероци од астероидот. Леталото треба да стигне на Земјата во 2023.

Бену ѝ се приближува на Земјата на секои шест години и се смета за еден од најопасните астероиди во нашиот сончев систем. Тој прво ќе ѝ се приближи на нашата планета во 2135, но научниците сметаат дека нема шанси за удар.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На прагот пред најголемото историско откритие: Пронајдени остатоците од Тројанскиот коњ

Шпиони ќе се инфлитрираат на забави да проверуваат дали се почитуваат ковид мерките на Ибица