
Новото истражување од Универзитетот во Сент Гален откри дека Швајцарците имаат вкупно околу 200 тони злато, проценето на 14,9 милијарди швајцарски франци. Близу две третини од испитаниците веруваат дека златото е сигурна инвестиција, особено во време на инфлација и економска нестабилност.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Интересно е што дел од Швајцарците своето злато го чуваат на многу нетрадиционален начин – закопано во градини или скриено во домови. Професорот по економија Серџо Роси коментира дека оваа пракса покажува недоверба во банките и ја споредува со однесувањето на пирати, кои богатството го криеле во тајни локации.
Според студијата, 5% од испитаниците навистина го имаат закопано златото во градините, а 15% го чуваат дома, додека 18% користат домашен сеф. За многумина, ова „закопано богатство“ е последна резерва – 43% од сопствениците би го продале само во краен случај.


