
Пресврт за видеото од Широк Сокак
Снимката на која се гледа како едно лице влече човек без свест по најпознатата битолска улица, предизвика лавина реакции, при што јавноста сметаше дека починатиот е токму влечениот маж. Наспроти овие тврдења, од МВР децидно појаснија дека човекот кој на снимката го влече онесвестениот е всушност струмичанецот кој подоцна беше пронајден мртов. Полицијата веќе го утврдила идентитетот на сите инволвирани лица и тие се повикани на службен разговор за да се расветли целосната заднина на настанот.
„Потенцираме дека споменатото починато лице Ј.И. во дворот на Клиничката болница Битола не е лицето кое на видеоснимката е влечено од страна на друго лице“, соопштија официјално од МВР за телевизија „Телма“.
Бегство од болница и трагичен крај
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Медицинскиот пат на сега починатиот започнал во раните утрински часови, кога екипите на итната помош го донеле во битолската болница. Откако ги поминал неопходните прегледи на хирургија, невропсихијатрија и психијатрија, 39-годишниот пациент одбил да биде сниман на рендген и самоиницијативно ја напуштил здравствената установа. Неговото тело беше пронајдено дури следниот ден околу пладне, оставено во дворот на самиот клинички комплекс.
Обдукцијата ја потврди причината за смртта
Истрагата утврди дека се работи за Јашар И., по потекло од Струмица, кој веќе десетина години живеел и престојувал во Битола. Официјалните наоди од направената обдукција покажаа дека тој починал како последица на срцев застој, исклучувајќи ги сомнежите за насилна смрт. И покрај тоа, јавното обвинителство и полицијата продолжуваат со интензивна работа за целосно расчистување на сите околности кои довеле до овој трагичен и крајно бизарен случај.


