
Џорџ Клуни ги остави без здив своите фанови кога се појави со значително изменет изглед на Бродвеј во Њујорк. Актерот, познат по својата седа коса, сега има кафена боја на коса, што го прави речиси непрепознатлив.
Тој беше фотографиран заедно со Џулија Робертс пред театарот „Winter Garden“, каде што се сретна со обожавателите и делеше автограми.
Промената на бојата на косата на Клуни е за потребите на неговата нова бродвејска претстава „Good Night, and Good Luck“, која официјално ќе биде премиерно прикажана денеска, 3 април. Претпремиерата на претставата се одржа на 12 март.
Покрај новата боја на коса, Клуни го промени и својот стил на облекување. Тој сега носи залижана коса и очила за сонце со сино-виолетови стакла, што многумина го опишаа како „имиџ на италијанската мафија“.



Претставата „Good Night, and Good Luck“ е адаптација на истоимениот филм од 2005 година, за кој Клуни беше сценарист, режисер и еден од главните актери. Неговото враќање на театарската сцена предизвика голем интерес, а неговиот нов изглед е само еден од аспектите кои ја привлекуваат публиката.
- 
La Linea v1699 ден
 559.20 ден
- 
Петок699 ден
 559.20 ден
- 
La Linea v3699 ден
 559.20 ден
- 
Спаси ја водата, пиј пиво699 ден
 559.20 ден
- 
Јас сум толку стар699 ден
 559.20 ден
- 
Џаст До Ит!699 ден
 559.20 ден
 
 
 








