во , ,

Што да правите ако се разбудите среде ноќ и не можете да заспиете?

Вежби за истегнување, чај од лаванда, туширање со топла вода – постојат неколку едноставни трикови што ќе ви помогнат да заспиете ако се разбудите среде ноќ.

 

За жал, многу луѓе се будат во текот на ноќта, а потоа не можат да заспијат подолго време. Во овие мигови веројатно чувствувате фрустрација, особено ако треба да станете рано наутро. Ако ова ви се случува секоја вечер или сте забележале и други проблеми со спиењето, најдобро е да се консултирате со лекар за да ја откриете причината.

Реклама

А, во меѓувреме, погледнете неколку совети кои ќе ви помогнат да се релаксирате и полесно да заспиете:

Направете неколку едноставни вежби за истегнување на стапалата и нозете

Овие вежби ќе ви помогнат да се релаксирате, а за да ги направите нема потреба да станувате од креветот. Можете прво да ги стегнете мускулите во нозете, држете неколку секунди, па опуштете се. Потоа свиткајте ги прстите на стапалата кон напред, држете неколку секунди, па исправете ги прстите нагоре и повторно држете неколку секунди.

 

Не го пуштајте миленичето во спалната соба

Обично милениците не спијат по цела вечер како нас, па неговото движење во текот на ноќта може да ве разбуди. Ако сте забележале дека токму тоа ве буди навечер, најдобро е да го научите да спие во друга соба.

 

Наместо да „скролате“ на телефонот, читајте книга

Светлината од смартфонот може да го намали нивото на мелатонин – хормон кој помага во регулирањето на спиењето. Затоа, ако се разбудите и не можете да заспиете, подобро е да читате книга отколку да го користите телефонот. Многумина препорачуваат во овие случаи да читате нешто што не ве интересира – книгата брзо ќе ви стане здодевна и поголема е веројатноста да ви се приспие.

Истуширајте се со топла вода

Топлиот туш ќе ви помогне да се релаксирате и полесно да заспиете. Ако често се будите во текот на ноќта, пробајте да се туширате со топла вода околу еден час пред спиење.

Запалете свеќа или напијте се чај од лаванда

Многу истражувања покажале дека лавандата, па дури и само нејзиниот мирис, нè релаксира, па таа може да биде одличен сојузник во борбата против несоницата. Ако се разбудите во текот на ноќта, запалете свеќа со арома на лаванда или направете си чај од овој цвет. Некогаш е доволно и само да помирисате малку етерично масло од лаванда за да се релаксирате.

 

Облечете чорапи

Во зимските месеци, чорапите можат да ви помогнат полесно да заспиете. Во овој случај избегнувајте многу тесни чорапи, туку облечете поширок пар од природен материјал, како памук.

 

Најдете си релаксирачка активност ако поминале повеќе од 20 минути

Ако сте будни повеќе од 20 минути, немојте да лежите во кревет. Ова само ќе ве фрустрира и ќе ви биде уште потешко да заспиете. Наместо тоа пуштете си релаксирачка музика, излезете на тераса, направете си шолја чај или правете што било што ќе ви помогне да се опуштите. Само, немојте да довршувате работни обврски на компјутер или нешто слично што може да ви предизвика стрес. Правете нешто што ве релаксира.


Супер Акција: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Навики на среќните луѓе – ги имате ли?

8 Причини зошто животот во туристичко место, покрај море, не е како од соништата