во ,

Јапонците направиле ладилник кој постигнува температура до -1000 степени…

Јапонците направиле ладилник кој постигнува температура до -1000 степени. Поставиле услов – кој ќе издржи најдолго во фрижидерот, ќе му го подарат островот Хокаидо.

Се пријавиле Французин, Англичанец и Македонец.

Французинот побарал жена и гајба вино. Одвај дочекал -200 степени и излегол надвор. Англичанецот побарал жена и гајба виски, но на -300 не издржал и излегол.

Последен бил Македонецот кој побарал бочва ракија и кумот за друштво. Сите чекале со нетрпение.

Поминал еден час, термометарот покажал -1000 степени, а од двајцата ниту глас.

Помислиле дека веќе замрзнале, еден од Јапонците ја отворил вратата и што да види:

– Си седат двајцата и пијат ракија. Одеднаш кумот станал и му удрил една глава на Јапонецот.

– Добро ли направив, кумашине? – прашал тој.

– Многу добро куме! Овде и така е ладно, а тој уште и врата ќе ни отвара!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 Миленичиња кои имаат извонреден шарм

18 Неочекувани средби кои носат добро расположение