во ,

Јас од вас купил моторна пила. Во упатството пишува дека може да сече по 50 кубика дрва на ден…

Беровец си купил моторна пила за дрва. По една недела, компанијата добива писмо од Беровецот:

„Јас од вас купил моторна пила. Во упатството пишува дека може да сече по 50 кубика дрва на ден. Јас сечев цел ден – 20 кубика. Наредниот ден станав многу рано, цел ден сечев, без одмор, многу се изнамачив, но пак успеав да исечам само 30 кубика. Дојдете да видите зошто мојата моторна пила не работи како што треба!“

Од компанијата решиле да отидат да видат, бидејќи никој до тогаш им немал пријавено таков проблем. Отишле во Берово, го нашле човекот и тој почнал да сече пред нив.

Исекол неколку дрва и им рекол: Еве! Цел ден сечам вака и одвај 30 кубика. Никако не можам да исечам повеќе!

Се гледаат овие од инспекцијата на компанијата, па едниот му вели на другиот.

Леле колега! Што ќе се случи сега кога ќе му кажеме како се пали моторната пила!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

А бе јас сум од Америка, најубава држава има се што сакаш.

Одлучил еден маж да ја провери неговата сопруга, рекол дека оди на работа и се скрил под креветот …