во ,

Јас пак сум крупен мафијаш… Ај да те видам што за психолог си? Пробај да погодиш што мислам!

Двајца патуваат во авион од Мајами за Њујорк:

– Јас сум психолог.

– Јас пак сум крупен мафијаш… Ај да те видам што за психолог си? Пробај да погодиш што мислам! За секоја мисла што ќе ја погодиш, ќе ти давам по сто долари.

Реклама

– Ама јас сум психолог, не сум гатачка!

– Абе се работи за сто долари, пробај!

– Па, се враќаш од море. Значи сега се сеќаваш колку убаво ти било.

– Браво! Точно! Еве ти стотка.

– Штом ти било убаво, тогаш си бил со жена. И сега мислиш на неа.

– Токму така! Еве ти уште една стотка.

– Покрај тоа, не ти се сака да се вратиш дома.

– Правилно, еве ти уште сто долари…

– Штом не ти се враќа, сигурно си оженет. А штом си мафијаш, сигурно мислиш дека нема да е лошо да убиеш жена ти и да останеш со другата.

– Аха! Еве ти илјадарка!

– Ама зошто илјада? Нели требаше да даваш по сто на мисла?

– Ова не е мисла, туку идеjа!


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Колега, преземи ги ти сга команде, а ја да испију кафе, па ке иду да гу кресну онуј нову…

Другар, ќе одам у лов на еребици па ако сакаш да ми го позајмиш кучето?