во ,

„Ќе има плачење од среќа“: Калиопи спрема невиден спектакл со гудачи

Многу емоции и изненадувања вети Калиопи за претстојните акустични концерти во Скопје, кои се закажани на 14 ноември, 6 и 7 декември во Македонска филхармонија.

– Не кажувам со кои песни, колку песни, очекувам публиката да се изненади од новите акустични концерти, во организација на „Прагма“ со кои соработувам веќе година и пол. Ветувам ново музичко искуство со бендот и гудачки квартет на сцената – изјави денеска на прес-конференцијата поп-ѕвездата Калиопи.

Викенд Намаление

За неа, како што рече, е најважна публиката и енергијата што ја црпи од неа, без разлика во колкав број е таа.

– Секогаш, вели Калиопи, ми е важна интеракцијата со публиката, без разлика дали е на интимен простор или на стадион.

„Ќе има љубов и по некое плачење од среќа“

– Очекувам дека Филхармонија сите три вечери, ќе биде исполнета со многу луѓе и емоции, љубов и по некое плачење, кое нема да биде од тага, туку од среќа – рече Калиопи.

Првиот концерт е распродаден, ќе има и четврти

Кристијан Ристевски, првиот човек на „Прагма продукција“ истакна дека првиот концерт е веќе распродаден, а другите два се пред распродавање. Тој очекува дека ќе има уште еден, четврти концерт, и оти се чека слободен термин од Филхармонија, што најверојатно ќе биде во декември.

Нова песна и нов албум

Калиопи денеска ја најави и новата песна која ќе ја промовира во четврток во Белград, без да открие детали. Таа најави нов албум за 2027 година.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Арчи трча низ пченка, а Лилибет седи во тикви: Идилична есен на Меган и Хари

„Работата ќе биде задоволство“: Илон Маск ја предвиде иднината без работни места