во ,

Ќе ти дадам 500 денари ако ме однесеш до општинската зграда за 5 минути…

Градоначалник на една македонска општина се качува во такси и му вели на таксистот:

– Ќе ти дадам 500 денари ако ме однесеш до општинската зграда за 5 минути, зошто доцнам за состанок.

Реклама

– Добро! – рекол таксистот, – Ама земи ја оваа шамија прво и врзи си ги очите.

Се согласил градоначалникот, си ги врзал очите на брзина и тргнале. После 3 минути возење таксистот вели:

– Готово, стигнавме, плати ми и оди!

– Ќе ти платам ама мора да ми кажеш по кои улици возеше па стигна толку брзо.

– Да бе, нема шанси! 5 улици останаа здрави во градот, ако ти ги кажам и нив ќе ги раскопаш сега пред избори.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ви давам шанса да отидете во Рајот. Ќе ве удрам 3 пати со мојот чекан…

Уште еднаш кажи ми дека сум крава…