во ,

„ЌЕ Ѝ НЕДОСТИГАШ НА ТВОЈАТА ОМИЛЕНА ПЕЈАЧКА ВЕРИЦА“: Потресниот говор на Марија на погребот на нејзиниот татко

Таткото на Марија Шерифовиќ, Рајко Шерифовиќ, денеска е погребан на гробиштата во неговиот роден Крагуевац.

Рајко, кој остави голем траг во светот на музиката, на вечно почивалиште беше испратен од најблиските пријатели, роднини и колеги. Марија Шерифовиќ беше видно скршена од болка, а нејзината мајка, Верица Шерифовиќ, цело време беше покрај неа, како и покрај братот на Марија од татко, Даниел. Кога тажната поворка тргнала кон гробиштата, мајката и ќерката се држеле за раце.

Емотивниот говор на Марија: „Ништо не ти замерувам, тато“

Марија составила емотивен проштален говор кој ги расплака присутните.

„Ќе ѝ недостасуваш на својата омилена пејачка, твојата Верица, иако таа тоа никогаш нема да го признае. Денес тато сакам да знаеш дека сè успеав да разберам, ништо тато не ти замерувам, сакам да знаеш дека остануваш да живееш покрај мене и во мене, бидејќи ти си мојот драг тато. Тато, таму каде што си сега, фрли поглед на нас, запали црвен Малборо, и знај дека сè вредеше… Те сака твојата ќерка Марија, синот Даниел, внукот Марио и твојата омилена пејачка Верица“, пишувало во говорот.

На погребот присуствуваа и композиторот Сашко Николиќ, како и вдовицата на Шабан Шаулиќ, Гордана, со ќерката Санела.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

НАД 111.000 МАКЕДОНЦИ: Австралија е нашата втора татковина!