во , ,

Ѝ се заглавила штиклата, притиснала на гас па со автомобилот влетала во излог

Жена со автомобил „Peugeot“ предизвикала несекојдневна сообраќајна несреќа кога со возило влетала во излог од продавница во Бања Лука.

Немало повредени, но направена е голема материјална штета на возилото и во објектот. Девојката возејќи го автомобилот излегла од кружниот тек и во тој момент ја загубила контролата над возилото и влетала во излогот.

Полицијата раскажала дека жената возела во кружниот тек и за време на излегувањето од него ѝ се заглавила штиклата.

Во тој момент возилото нагло се забрзало и таа се исплашила. Кога видела дека на тротоарот нема пешаци свртела десно.

Таа избегнала „Golf“, кој бил паркиран на тротоарот и потоа се удрила во стаклен излог. Од јачината на ударот, половина возило завршило во продавницата во која е направена голема штета, како и на нејзиниот автомобил. Во продавницата имало само работник кој не е повреден.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 Урнебесни фотографии од емоциите на овие деца ќе ви го разубават денот

48 Неверојатни 3D цртежи кои „излегуваат“ од хартијата