во , , ,

10+ „Неуништливи“ Нокиа мобилни телефони кои ве водат низ носталгична прошетка во минатото

Познати по својата „неуништлива“ природа и особена актуелност во 90-ите и раните 2000-ти, мобилните телефони на Nokia се синоним за модата и културата на претходните децении.

Nokia e финска мултинационална комуникациска корпорација, која најпрвин започнала како компанија за производство на хартија во Финска во 1865 година.

По долгогодишно прилагодување и соработка, таа прераснува во иновативна организација – добропрепознатлива и ден-денес.

Со текот на годините, Nokia создаде многу мобилни телефони и соодветни додатоци кои верувале или не, претставуваат темели што всушност го отворија патот за препознатливите, модерни функции на денешните „паметни“ телефони.

Се сеќавате ли на времињата кога телефоните практично ни пружаа само неколку функции: телефонски повик, СМС-порака и неколку мобилни игрици, со кои во слободно време се опуштавме и забавувавме?

Тетрисот беше за оние со „подебели“ живци, а и препознатливата „Змија“ ја игравме со часови и се боревме да го срушиме сопствениот рекорд.

За разлика од тогаш, денес технологијата обележува молневито брз напредок.

Сепак, овојпат ќе се обидеме за миг да ве прошетаме низ една поинаква мобилна генерација, па можеби ќе се присетите на вашиот некогашен омилен телефон.

Во продолжение ги издвојуваме 13-те најстари мобилни телефони на Nokia и специфичностите со кои тие се одликуваат:

1. Mobira Senator, 1982 година

Mobira Senator е всушност првиот телефон на Nokia, иако повеќе личи на радио отколку на типичен мобилен телефон.

Иако станува збор за прв мобилен телефон на пазарот, се препорачувал за употреба во автомобил, бидејќи неговата тежина изнесувала 22 килограми.

Овој мобилен телефон се одликувал со најопштите функции: појдовните и дојдовните повици.

2. Mobira Talkman, 1984 година

Mobira Talkman е всушност демонстрација на првите чекори на Nokia, во попрактични мобилни телефони. Со тежина околу 12 килограми, телефонот бил посекако помалку незгоден од неговиот претходник, Mobira Senator.

Дополнително, овој мобилен телефон бил дизајниран за употреба и надвор од автомобилот, што значи дека остварувањето на повици било многу полесно од претходно.

3. Mobira/Nokia Cityman, 1987 година

Кај Mobira/Nokia Cityman се отстранети обемните батерии, специфични за претходните модели.

Според современите стандарди, тој сепак бил тежок и голем, но неговата поволност се состои во тоа што овој мобилен телефон можел да се справи со повици во времетраење од 50 минути и му биле потребни 4 часа за комплетно да ја наполни батеријата.

4. Nokia 2110, 1994 година

Nokia 2110 претставува навлегувањето на Nokia во деловниот свет, телефон дизајниран со елегантен, професионален дизајн – помошник на „зафатениот“ директор во одржувањето на својот распоред преку нови функции, како функции за бележници, испраќање електронска пошта и испраќање на факсови.

Nokia 2110 е всушност најмалиот мобилен телефон на GSM мрежа.

Тој освоил награда за најдобар мобилен телефон две години по ред и со продажба на над 20 милиони примероци, заедно со својата втора верзија, Nokia 2110i.

Исто така, станува збор за првиот телефон со препознатливата мелодија на ѕвонење на Nokia.

5. Nokia 232, 1994 година

Овој телефон со мал и едноставен дизајн освоил неколку награди за неговиот модерен изглед.

Nokia 232 се среќава во повеќе бои, вклучувајќи ги црвената, сината и дезен на желка.

Nokia rinGo, 1996 година

Нетехничкиот дизајн на Nokia rinGo бил специјално наменет за жени, деца и стари лица.

Во 1997 година на овој мобилен телефон му биле додадени некои нови функции, вклучително и поширок опсег на бои и интегрирана телефонска батерија, како и функции „прифати“ и „одбиј“ на едно копче во овална форма.

7. Nokia 9000 Communicator, 1996 година

Nokia 9000 располага со две тастатури, од кои една е таканаречената QWERTY, за полесно пишување.

Се смета за важна карактеристика бидејќи дозволувала испраќање на попрецизни професионални документи, како што се електронската пошта и факсови.

Како лоша страна се сметал екранот со слаба осветленост и секако, цената од 800 долари.

Исто така, Nokia 9000 Communicator бил доста тежок и прилично сложен за тоа време, што дополнително ги одвратило клиентите.

8. Nokia 3110, 1997 година

Додека Nokia 2110 бил продаван на сериозни, деловни луѓе, Nokia 3110 бил создаден за помладата генерација претприемачи.

И покрај тоа што не располагал со толку многу функции, сепак тој нудел доволно за да ги задржи и задоволи своите клиенти.

9. Nokia 5110, 1998 година

Nokia 5110 се памети по својот модерен дизајн – нагласен со фактот дека Nokia го понудил овој модел како награда за време на модната недела во Лондон.

5110 бил втор и поуспешен маркетиншки обид на Nokia наменет за широкиот потрошувач. Најдобриот дел од телефонот била неговата прилагодлива природа.

Корисниците можеле да изберат широк спектар на бои за менување на надворешноста на телефонот, а исто така и разни додатоци.

10. Nokia 6110, 1998 година

Како и 5110, овој телефон се одликува со елегантност која доаѓала во низа бои.

И, уште подобро, боите на навлаките се преливале, што практично правело телефоните да изгледаат разнобојно.

Интересен факт е дека Nokia 6110 e првиот телефон на Nokia на кој се појави играта „Змија“, култна функција на овие телефони, оттогаш па натаму.

11. Nokia 3210, 1999 година

Верувале или не, добропознатиот Nokia 3210 се смета за првиот тинејџерски телефон.

Џебната големина и можноста за испраќање пораки им овозможувала на студентите лесно да ги прикријат телефоните на час и полесно да препишуваат.

И покрај тоа што овој телефон нема камера, всушност тој е првиот Nokia телефон преку кој можеа да се испраќаат „зрнести“ слики.

12. Nokia 8210, 1999 година

Како и неговиот модерен претходник 5110, Nokia 8210 e поврзан со историјата на модата.

Лансиран е за време на модната недела во Париз во соработка со брендот „Кензо“, но е значително полесен, поелегантен, како и поскап од него.

Nokia 7650, 2002 година

Nokia 7650 направи вистински „бум“ со иновативната, лизгачка тастатура, како и централното копче коешто можеше да се користи за пристап до многу функции на телефонот, тогаш кога тастатурата беше сокриена.

Исто така, Nokia 7650 e првиот телефон во Европа којшто ја претстави телефонската камера.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

21 Најсмешни примери кога ќе се вкрсти Корги со други раси на кучиња

32 Инспиративни редекорации на домови на кои може само да се восхитуваме