во , ,

10 Работи кои ги измислиле античките Египќани, а се користат и денес

Кога помислуваме на античките Египќани, ние обично мислиме на Клеопатра или на мумиите. Не помислуваме на секојдневните предмети и идеи кои ги користиме во нашите животи денес. Иако некои од најголемите модерни алатки се припишуваат на оние на подоцните периоди, древните Египќани биле многу пред нас. Тие секогаш барале начини да си го олеснат животот. Еве неколку предмети и идеи кои го преживеале тестот на времето.

Влада

Иако често се учи дека Римската империја го имала првиот систем на владеење, тоа е всушност само првиот запис на влада на Западот. За првата владина структура се заслужни раните древни Египќани. До околу 1570 п.н.е., древниот Египет бил раководен од кралеви. Не знаеме како се раководела владата се додека кралот Нармер не дошол на власт и не ја воспоставил првата централна влада во постоечките граници.

Реклама

Календар

Пред воведувањето на владините политики и економијата, немало потреба од следење на деновите. Но, ова не им било потребно само на оние досадни собирачи на данок кои требало да знаат кога да им се заканат на луѓето. Поради нивните системи за наводнување, древните Египќани исто така требало да знаат кога Нил ќе поплави. Така, тие го создале 365-дневниот календар. Првично, календарот имал 370 дена додека не сфатиле дека им е потребна пократка година и само додале престапни години.

Вино

Новогодишна прослава, Божиќ, родендени – ова се фантастични изговори за забава и малку повеќе алкохол. Можеме да им се заблагодариме на древните Египќани за една од нашите омилени општествени активности, бидејќи тие биле првите луѓе што го создале виното. Новиот календар веројатно им дал уште причини да пијат бидејќи можеле да означат различни датуми кога да слават нешто. Првично, лозјата откриени од страна на археолозите се претпоставуваше дека биле за одгледување грозје за јадење. Потоа археолозите пронајдоа остатоци од вино на дното од неколку садови, докажувајќи дека тие древни Египќани сакале да пијат. Со толку многу антички празници (вклучувајќи и петдневна прослава на крајот на годината), историчарите сметаат дека е лесно да се разбере зошто виното било толку популарно.

Паста за заби

Малкумина знаат дека античките Египќани многу одамна сфатиле колку се важни забите и создале едноставно решение за проблемите со забите. Првата форма на паста за заби била создадена од страна на Египќаните со користење на речиси одвратни состојки како сомелени копита, пепел и изгорени лушпи од јајце. Пронајдени се многу упатства за правење паста кои биле составени од античките Египќани. Ова едноставно откритие спасило многу животи во тоа време.

Пенкала

Додека повеќето луѓе мислат дека прогресијата на помагалата за пишување започнала со перото, пенкалата од трска всушност биле први. Старите Египќани развиле форма на пишување што не била видена претходно. Тие ги ставале краевите на долги парчиња трска во вода, а потоа ги сечеле краевите, предизвикувајќи пукање и испуштање на мастилото. Меѓутоа, брзо сфатиле дека овие пенкала брзо се сушат, што довело до употреба на перото. Кон крајот на 1800-тите општеството се вратило во првичната египетска идеја и го развило денешното хемиско пенкало, вклучувајќи го и капакот овој пат за да ги спречи толку брзо сушење.

Часовници

Доцнењето на работа било проблем и за Египќаните бидејќи и тие имале часовници. Обелискот и сончевиот часовник биле првите форми на часовници, но тие функционирале само со чисто небо. Тоа довело до создавњето на водениот часовник, со кој можело да се знае колку е часот и во затворени простории. Потоа биле направени и преносните часовници кои го покажувале времето со помош на сенка. Така започнал развојот на модерните часовници.

Протези

Иако протезите изгледаат како нов концепт, тие всушност потекнуваат од 950 година п.н.е. Иако не биле електронски, како некои денешни, тие биле од голема помош. Археолозите открија египетски вештачки прст, кој е најстарата протеза на светот. Во гробовите на античките Египѓани се најдени многу нешта кои личат на делови од тело, но тие не служеле за ништо друго освен за телото да биде целосно за во задгробниот живот. Сето ова се промени кога троделен прст направен од дрво и кожа беше најден мумифициран со сопственикот. За да се докаже дали прстот му помагал на сопственикот во одење, беа направени копии кои беа тестирани со научен метод и се докажа дека прстот дава позитивни резултати, по што тој беше класифициран како протеза.

Ножици

Многумина мислат дека Леонардо да Винчи ги измислил ножиците, но тие биле создадени некаде околу 1500 година п.н.е. Античките Египќани имале поедноставна, но ефикасна верзија на ножици кои ги користеле и за шишање. Тие ножици се состоеле од две метални острици поврзани со тенка рачка, флексибилна лента од закривен метал, кој ги држел остриците во складна положба и овозможувал да се раздвојат откако дршките се притиснати со раката.

Плуг

До измислувањето на плугот, луѓето морале да шетаат со стапови за копање, кои биле долги стапчиња набивани во земјата за да направат дупки во кои било ставано семето. Египќаните се измориле од овие стапови и го направиле првиот познат плуг, ралото. Иако ова не може да се спореди со плуговите кои ги имаме денес, ова мало парче ги сменило животите на фармерите во тоа време.

Боја за коса

Ако сте погледнете слики од антички Египќани, можете да видите дека тие многу внимавале на нивниот изглед. Не само што правеле шминка и надградба на коса, туку и први ја создале бојата за коса. Косата служела и за покажување на социјалниот статус. Египќаните сакале засекогаш да изгледаат млади, а седата коса не се вклопувала во таа слика. Затоа почнале да користат кана. Освен за косата, тие ја користеле и за боење на ноктите и устата


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сакаше да го изненади од зад грб, но заврши на тревникот: Меси со мајсторски дриблинг против Санчез

30 Фотографии што совршено го сумираат животот во Њујорк