во ,

10 Причини зошто најдобрата пријателка е најважна во животот

Најдобрата пријателка не е само личноста што ви прави друштво. Таа секогаш ве слуша, ве сака, ве цени и, најважно од сè, ве прифаќа такви какви што сте, со сите ваши недостатоци.

За жал, периодов сите избегнуваме контакти, па веројатно и на вас ви недостасува најдобрата пријателка и сите моменти со неа.

Во продолжение, да се потсетиме на причините зошто таа е една од најважните личности во вашиот живот и кои се моментите кои најмногу ни недостасуваат овој период, а во кои од нив уживаме и на далечина:

Нејзиниот дом е ваш, и обратно

Ништо не се споредува со удобноста на сопствениот дом, но истото чувство го имате и кога сте на гости кај најдобрата пријателка.

Сигурно си влегувате кај неа без воопшто да заѕвоните, па дури и си проверувате што има во кујната за грицкање.

Бескрајни разговори за бившите

Ако сте во лоша врска, најдобрата пријателка можеби ќе го толерира вашето момче. Но откако ќе раскинете, само неа ќе можете да ѝ кажете сè што ви лежело на душа за бившиот.

Уште подобро е што таа нема воопшто да ви суди, може само да ви даде совет и да ве предупреди за следниот пат.

Можете да се допишувате со часови

Без разлика дали сте во кревет, дали јадете или, пак, сте во карантин, допишувањето со најдобрата пријателка е неизбежно.

Шеги, новости, озборувања, лични проблеми… можете да се допишувате со часови, на буквално секоја тема.

Колку и да сте оддалечени, близината не се намалува

Веројатно ја немате видено најдобрата пријателка некој период. Но, уште поверојатно е дека телефонските разговори со неа ви помагаат полесно да ја пребродите целата ситуација.

Технологијата нè зближи повеќе од кога било, а вие ја користите максимално за да ја одржите близината со најдобрата пријателка.

Пред неа не постои срам

Можеби сте опуштени пред вашето момче, но никогаш нема да бидете опуштени како пред најдобрата пријателка. Таа ве има видено во секакви издание, дури и кога сте изгледале ужасно.

Таа е овде да пофали и воздигнува кога изгледате одлично, но никогаш нема да ви суди или да ве критикува ако цела недела не сте ја измиле косата.

Искрена е, дури и ако вистината боли

Вашата пријателка без двоумење ќе ви ја каже вистината, без разлика колку е горчлива.

Ако сте соочени со проблем, таа нема да ви дава лажна надеж. Ќе ви го каже нејзиното искрено мислење, но уште поважно е што ќе ви понуди совет и ќе направи сè за да ви помогне.

Знае што се случувало во секој период од вашиот живот

Ако имате среќа да ја познавате најдобрата пријателка од детството, тогаш заедно сте ги поминале сите важни моменти во животот – и лоши, и добри.

Но дури и ако сте ја запознале подоцна, таа ги знае сите детали од вашиот живот, вклучувајќи ги и оние засрамувачките.

Никогаш не ви суди

Најдобрата пријателка можеби ќе ви даде критика, но никогаш нема да ви суди за вашите избори.

Ако смета дека правите нешто лошо, само ќе ве советува, но секогаш ќе ве поддржува.

Ако ви фали самодоверба, можете да се обратите кај неа

Во моментите кога се чувствувате „грдо“, најдобрата пријателка ќе ви помогне да сфатите дека сте прекрасни.

Без разлика кој или што ви ја разнишало самодовербата, таа е овде да ви ја врати.

Помеѓу вас не постојат завист и љубомора

Сите жени и девојки сме почувствувале завист или љубомора кон некоја друга жена, но ова не се случува со најдобрата пријателка.

Без разлика колку сте поуспешни од неа, колку подобар дечко имате од нејзиниот, колку поубав автомобил имате од неа, таа нема да ви љубомори. Напротив, ќе се радува дури и повеќе од вас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Епска битка! Дуел помеѓу Крале Марко и Дарт Вејдер…

Реакцијата на ова маче на лентата за трчање е прегледана 7 милиони пати, еве и зошто