
Менструални влошки не биле во можност да набават 105 ученички од Битола од семејства со социјален ризик, покажа проектот „За менструална правда“ спроведен од Организацијата на жени од Битола.
Во истражувањето, спроведено преку анкетни прашалници на 300 ученички во Битола, дури 105 одговориле дека не се во можност да набават менструални влошки. Овој податок е уште поалармантен ако се земе предвид дека во средните училишта во градот има 158 ученички од семејства со социјален ризик.
Повеќе од само сиромаштија – отсуства од настава и изолација
Координаторката на проектот, Светлана Папачек, вели дека ова директно води до изостанување од училиште и социјална изолација, а тие отсуства не се оправдани. „Во разговор со професорите ни беше кажано дека им е забрането да им ги оправдуваат отсуствата поради менструација“, вели таа.
Според студијата „Менструална правда“ од 2021 година, 43% од ученичките во Македонија отсуствувале од училиште поради менструација, а речиси секоја трета барем еднаш импровизирала со други материјали бидејќи немала пари да купи влошки.

Осум месечни плати за влошки, а во Скопје буџетот стои неискористен
Истражувањата покажуваат дека една жена во Македонија во текот на животот троши осум месечни плати само за менструални производи и лекарства. Иако во септември 2023 година ДДВ-то за овие производи се намали од 18% на 5%, проблемот сè уште постои. Како одговор, активистите веќе поставиле три диспанзери за влошки во едно битолско училиште и ќе поднесат иницијатива до Општина Битола за ова да стане редовна пракса финансирана од буџетот.
Во меѓувреме, во Град Скопје, иако Советот веќе три години по ред изгласува ставка во буџетот (во 2023 година беа одобрени 65.000 евра) за бесплатни менструални производи за средношколките, тоа ниедна година не се спровело.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







