во , ,

11 лажни фотографии што го измамија целиот интернет

Секој ден на интернет се споделуваат милиони вести, а секој може да сподели што сака. Ова значи дека интернетот е место со безброј лажни информации.

Нешто што има во изобилие онлајн, се дефинитивно лажните фотографии. Понекогаш, пак, фотографиите не се лажни, но приказната зад нив не е воопшто тоа што сте го прочитале.

Реклама

Овие 11 фотографии успеаја да го измамат целиот свет, пред да се открие дека и тие спаѓаат во категоријата „лажни“:

Што се случило со дождовната шума?

Овој колаж се прослави за време на предизвикот #10YearsCHallenge. Фотографијата прв пат беше објавена на Reddit, со објаснување дека „речиси секоја година губиме околу 15.000 километри квадратни шума, поради сечењето на дрвата“.

Иако фотографијата навистина изгледа автентично, ова воопшто не е колаж од фотографии од 2009 и 2019 година.

Оригиналот е една фотографија направена во Малезија, каде што дождовната шума беше преместена за да се ослободи територија за палми.

Момче што прави ориз

Повеќето што ја видоа фотографијата помислија дека ова момче е вистински експерт во кујна. Но оризот од фотографијата е всушност скулптура, од продавница за лажна храна во Токио.

Графит што се гледа само во вода

Оваа фотографија се прослави веднаш штом се појави на интернет. Но, и овој пат станува збор за измама.

Графитот навистина постои, исто како и езерцето. Графитот е дело на уличниот уметник Реј Барктус, но за навистина да го видите, водата треба да биде многу мирна.

Во реалноста, местото изгледа вака:

Рис и срнче се кријат од пожарот во Калифорнија во канцеларија

Оваа фотографија не е лажна, но секогаш кога има пожар во САД, таа се споделува со различен опис.

Фотографијата е направена во Калифорнија, а животинчињата биле најдени во близина на ранчот на Арнолд Шварценегер. Бидејќи во тој момент немале кафези, животните биле привремено сместени во канцеларија.

Нова година во Париз

За оваа спектакуларна фотографија се веруваше дека го прикажува дочекот на Нова година во Париз. Но за време на овој дочек, огнометите биле лансирани од кулата. Покрај тоа, и жителите на Париз потврдија дека фотографијата е лажна.

Куче што 7 години спие на гробот на неговиот сопственик

Кога прв пат беше објавена, оваа фотографија беше споделена 55.000 пати. Сите што ја видоа беа трогнати од лојалноста на кучето, но излезе дека кучето и гробот немаат никаква поврзаност.

Иако фотографијата е вистинска, кучето случајно одбрало да легне на тој гроб.

„Обичен ден во Русија“

Оваа фотографија не е лажна, но мечката не е вистинска. Всушност, ова се двајца активисти од Greenpeace кои носат костим мечка, како дел од кампања ширум Европа.

Патка топли куче со нејзиното крило

Иако фотографијата изгледа реално, фактите што ја опкружуваат се сомнителни. Најпрво фотографијата се појави на кинески веб-сајт, уште во 2017-та година.

Проблемот е што на оваа кинеска платформа, секој може да го менува описот на фотографијата, па не се знае која е вистинската приказна.

Планина во форма на глава од желка

Оваа фотографија се прослави во јануари 2019-та, но планината во форма на желка не постои. Фотографијата е комбинација од две различни фотографии.

Заб на мегалодон во пршлен на кит

Наводно, ова е фотографија од заб на мегалодон, забоден во пршлен од кит. Во реалноста, двата предмети биле најдени на разни места, во разно време.

Едноставно, некој се сетил да ги спои и да ја направи оваа фигура.

Брод што исфрла отпад во морето

Оваа фотографија предизвика бурни реакции веднаш по објавувањето, а беше објавена со описот:

„Овој брод за крстарење го фрла отпадот во морето.“

Подоцна се откри дека воопшто не станува збор за отпад, туку бродот се подготвувал да го спушти сидрото. Кафеавата дамка е всушност песок од дното.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во задачата требало да се напише описна придавка за сестра, а поради одговорот на овој ученик се смее цел Балкан

27 Најдобри фотографии од животни на спортски терени