во ,

11 Факти дека и дома кај Елен Деџенерис е како во воен камп

Поранешен вработен во домот на Елен Деџенерис открива мрачни детали од однесувањето на водителката кон вработените.

Елен Деџенерис периодов е на тапет затоа што како сите да добија храброст да кажат јавно колку „ужасна“ личност е познатата водителка.

Најмногу страдаат вработените кои се дел од нејзиното шоу, но сега осамнаа информации дека ситуацијата не е подобра ниту за вработените во нејзиниот дом.

Реклама

Таа го одржувала домот како воен камп, откри поранешен вработен кај Елен.

Тој вели дека во нејзината вила во Калифорнија ретко кој издржува да работи повеќе од неколку месеци. Водителката постојано давала наредби со висок тон, ги мачела вработените и за најмали грешки и како да ѝ било задоволство да отпушта луѓе од работното место.

„Елен е најлошата личност која сум ја запознал во животот. Таа ги третира луѓето како да се ништо. Како да ужива кога дели откази. Таа ќе ве измачува, а вие само ќе седите таму и ќе слушате затоа што сте платени“, изјави поранешниот вработен на Елен.

Елен дури им поставувала замки на вработените за да открие дали навистина го чистеле секој агол од нејзиниот дом, од типот на оставено чкорче некаде на земјата и слично.

Еден ден персоналот нашол 8 чкорчиња на чудни локации низ домот. Остатокот од денот сите го минале во барање на уште чкорчиња за да спречат некој од персоналот да биде отпуштен.

Поранешниот вработен кај Елен вели дека издржал неколку месеци таму пред да биде отпуштен и со тоа станал еден од оние со „најдолга“ кариера во домот на Елен. Вели дека отказот му дошол како олеснување затоа што да се работи за неа било трауматично и токсично.

Тој додава дека Елен вреска и казнува дури и ако ѝ послужите одредена храна во погрешна чинија.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 Примери за тоа како нашата возраст го менува начинот на кој се чувствуваме за есента

17 „Направи сам“ проекти што ќе ве мотивираат да го средите дворот