во ,

11 Смешни твитови за легендарната правосмукалка: „Го крева паркетот, комшиите мислат дека има напад“

„Кога ќе се вклучи – во Кина чувствуваат вибрација“, „Се слушаше и кога ќе ја изгасиш“ – се сеќавате ли на неуништливата правосмукалка на Слобода?

Легендарната правосмукалка на Sloboda Čačak беше дел од секој дом во поранешна Југославија, а нејзиниот квалитет е докажан, па многу домаќинки и ден-денес не се откажуваат од овој уред.

Реклама

Оние кои ја имале оваа правосмукалка, знаат дека беше толку моќна, што го вшмукуваше тепихот, а многумина би рекле дека дури го подигнува и подот, па токму затоа и не можат да се откажат од својата „стара љубов“ и не се препуштаат на модерната технологија.

Дизајнот никогаш нема да го заборавиме, а силната бучава што ја создаваше при работа како уште да ни „зуи“ во ушите.

Правосмукалката на Слобода дефинитивно е безвременски и неуштлив уред за кој уште долго ќе се зборува, а твитерџиите често знаат да ја спомнат на шеговит начин.

Во продолжение погледнете некои постари, но смешни твитови кои ќе ве вратат во времето – какви се импресиите на твитерџиите за легендарната правосмукалка?

„Кога ќе го вклучиме, соседството мисли дека има напад од воздух, па залегнува“

„Кога ќе се вклучи – во Кина чувствуваат вибрација.“

„Го влече тепихот, го подигнува паркетот, се регистрира сеизмолошка активност во квартот…“

„Јас уште имам траги од цревото по грбот“

„Тоа беше мојата Слобода-Чачак правосмукалка. Кога ќе му подиви цревото како анаконда, го собира папагалот, паприкашот од маса и протезата на баба!“

„Јас кога ќе ja видам цела се стресувам, мирниот викенд се претвора во тајфунски немир.“

„Се слушаше и кога ќе ја изгасиш.“

„Корнеше пломби од умници. Кога ќе ja вклучиме, нема улични мачки и кучиња барем 3 дена.“

„Кога сакаме да исчистиме прашина, ама баш темелно, кучето го носиме на шетање, мачето го затвораме кај соседите, рибите ги покриваме со ќебе, ги тргаме овие модерните (со хепа и воден филтер), ја земаме Слобода К700 и го згужвуваме ламинатот, го одлепуваме паркетот. После неа не ги переме теписите!“

„Правосмукалката Слобода, звук како МИГ-21, вшмукува вода, алкохол, што и да пројде низ цревото. Рокот на траење ѝ е 100 години ако ја чуваш на отворено. Моќна машина.“

„Кој немал ваква правосмукалка, не знае како да си на 10 метри од авион што полетува.“


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 Пати кога спортистите биле изневерени од спортската облека

Овој пар ги пресоздава сцените од познатите филмови на истите места каде што се снимени