
Бројот на жртви од катастрофалните поплави предизвикани од еден од најсилните тајфуни оваа година во централните Филипини се искачи на најмалку 114, потврдија властите во четврток.
Тајфунот Калмеги го погоди регионот, поплавувајќи цели градови и села, а островот Себу е најтешко погоден, објави Би-би-си. Себу, најнаселениот остров во регионот, регистрираше 71 смртен случај, 127 лица се водат како исчезнати и 82 повредени. Властите на Себу објавија дополнителни 28 смртни случаи кои не се вклучени во официјалниот национален број на жртви.
Повеќето од жртвите се удавија откако бурата предизвика порој од каллива вода што се спушти по ридовите.
UPDATE: TYPHOON TINO
Typhoon Kalmaegi (TINO) inflicted widespread devastation in the Phillipines.
Over 65 fatalities have been reported, and dozens of people are still missing.
Entire towns were induated by the powerful typhoon, leaving thousands displaced. pic.twitter.com/qqwSvavjib
— Chyno News (@ChynoNews) November 5, 2025
Повеќе од само жртви – загинаа и спасувачи
Официјалниот број на жртви вклучува и шест члена на екипажот на воен хеликоптер што се урна на островот Минданао додека летал да им помогне на спасувачките екипи во вторникот. Штетата е огромна, а локалните власти го опишаа уништувањето како „незапаметено“.
Националната агенција за катастрофи соопшти дека повеќе од 400.000 луѓе се раселени на Себу, остров со 2,5 милиони жители.
Калмеги се засилува и му се заканува на Виетнам
Тајфунот го напушти подрачјето на Филипините рано во четврток наутро и оттогаш се засилил, со ветрови што достигнаа брзина од 155 км/ч. Се очекува да стигне до брегот на централен Виетнам во петок наутро, каде што жителите веќе се борат со поплави и рекордни врнежи од дожд.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







