во , ,

12 Различни форми за нос и што се откриваат тие за вашиот карактер?

Споредувајќи луѓе од целиот свет, еден научник заклучил дека постојат 12 разни типови или форми на нос, а открил и кои карактерни особини доаѓаат со секоја од нив.

Научникот Абрахим Тамир решил да открие колку типови на носови имаат луѓето и успеал да ги подели во 12 разни категории.

За ова истражување тој користел фотографии од луѓе од целиот свет, а покрај формата, се фокусирал и на карактеристиките на секој од испитаниците.

Споредувајќи ги заедничките особини на луѓето со ист тип или форма на носот, тој сфатил дека може да се предвиди нечиј карактер според неговиот нос.

Во продолжение можете да погледнете кои карактеристики се поврзани со кој тип, но и дa откриете нешто повеќе за себе во зависност од формата на вашиот нос:

Тип 1

Луѓето кои имаат долг нос, чиј врв е свртен надолу, настојуваат да покажуваат храброст и одлучност. Тие размислуваат реалистично и неретко се амбициозни луѓе кои сакаат предизвици. Доста често овие луѓе постигнуваат успех подоцна во животот.

Тип 2

Луѓето со мал и краток нос обично имаат ниска самодоверба и се неодлучни. Често се двоумат дали да го кажат нивното мислење и го прифаќаат туѓото, а некогаш се многу љубоморни.

Тип 3

Луѓето со таканаречен „орловски“ нос се експерти за правење стратегии. Тие се многу издржливи и отпорни, и обично жестоко се борат за она што го сакаат.

Тип 4

Луѓето со мал рамен нос обично знаат многу за луѓето и светот околу нив. Но сепак, генерално се со слободен дух и некогаш се однесуваат детинесто. Ова однесување, пак, може да им предизвика проблеми.

Тип 5

Луѓето со ваков испрчен врв на нос се практични и секогаш можете да се потпрете на нив. Најчесто се многу добро организирани и секогаш прават рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот.

Тип 6

Овие луѓе се многу толерантни и секогаш размислуваат разумно. Никогаш не брзаат со одлуките и можете да се потпрете на нив. Тие се и многу креативни, па неретко работат како уметници, писатели и слично.

Тип 7

Луеѓето со „грпка“ во горниот дел на носот се многу амбициозни и секогаш сонуваат за успех. Жените со ваков нос обично се многу успешни во областа на образованието, а и двата пола се одлични бизнисмени.

Тип 8

Луѓето со „грпка“ на средината на носот се многу дарежливи и емотивни, но не веруваат во гласини и добро проверуваат што и да чујат. Во приватниот живот секогаш се обидуваат да им помогнат на другите.

Тип 9

Луѓето со ваква форма на нос на почеток знаат да дадат впечаток како тврдоглави личности, но во реалноста се многу дарежливи.

Тип 10

Овие луѓе имаат многу вештини и се способни за речиси сè. Но, најчесто се песимисти и скоро никогаш не се свесни за нивната вредност.

Тип 11

Луѓето со ваков нос се полни самодоверба, но можат да бидат и многу ранливи. Неретко, најважен им е нивниот духовен развој, па посветуваат многу време на тоа.

Тип 12

Оние кои имаат ваков нос најчесто имаат и „уметничка душа“. Неретко се нетрпеливи и најмногу им годи самотијата.

Што мислиш?

29 Поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Лука, што најмногу ти се допадна кај статуата на Венера?

Објавена е листата со Xbox ексклузиви за оваа година