во ,

12 Најсмешни ретро вицови за полицајци

Полицаец застанува возач:
Знаете дека управувате со неисправно возило?
Не! Што не е во ред?
Нешто ви тече од камионот.
Ми тече дечко. Ова е цистерна за миење улици!


Зошто полицајци влегуваат во супер маркет со извадени пиштоли?
Затоа што на вратата пишува акција!


– Ало полиција!
– Да, повелете.
– Мојот комшија продава марихуана.
– Колку ја дава?
– 1000 денари пакетче.
– Не купувај од него, скапа е.

Реклама

Полицаец запира плавуша за прекршок.
Полицаецот:
– И сега што правиме?
Плавушата:
500 денари или да ги соблекувам гаќите?
Дај 500 денари, зошто гаќите може и да не ми се фатат.


Двајца полицајци се шетаат по еден мост.
– Знаеш дека вчера од овој мост се фрли една жена.
– Од депрeсија?
– Не, од некое прилепско село.


На интервју за полицајци, комисијата го прашува еден од кандидатите:
Колку се два и два?
Дваесет и два.
Молам?! Колку се два и два?
Дваесет и два!
Ќе го примиме, упорен е.


Полицаецот: – Командире, стигна факсот.
Командирот: – Нека влезе.


Двајца џандари прават муабет:
Абе, слушна дека на Маркс има луѓе?
Ех што си глуп, како прво не се вика Маркс, туку Марс, а дека има луѓе, тоа е само хипотенуза.


Двајца полицајци на работа решаваат крстозбор:
Зеленчук со три букви?
Зелка!
Не ја собира.
Е па земи помала.


Зошто полицаец става мокра крпа на ѕидот?
– Лекарот му рекол да става облоги таму кај што се удрил.


Полицаец запрел возач и го прашува:
Што имате во багажникот?
Пола теле!
А живо ли е!?


Се тепаат двајца на улица. Доаѓа полицаец, ги смирува и им вели:
Податоци молам!
Горан Митревски.
Горан Петров.
Не ви е срам, двајца браќа и се тепате!


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јас сум Никола Карев, дајте ми една порција!

19 Докази дека нема простор за досада во работата на ветеринарите