во , ,

14 Причини зошто Норвежаните се светлосни години пред нас

Индиферентни се кон тоа како изгледаат другите, од облека до шминка и маникир, за ништо такво нема да добиете комплимент.

Иако периодов никаде не е совршено заради пандемијата која владее, сепак во нормални услови, некои земји се за восхит, а токму таква е Норвешка.

Од стандардот на живот до квалитетот на образованието, Норвешка е рај за живот.

Реклама

Таа постојано се вбројува во водечките земји на светот, а пак нејзините граѓани според истражување од 2020 година се 5-ти на листата најсреќни луѓе на светот.

Која е тајната на успехот?

Зошто Норвешка е светлосни години пред нас?

Норвежаните ги оставаат автомобилите и домовите отклучени, без страв, без камери и односите се градат на база на доверба.

Стојат во редици во кафулињата и супермаркетите без да се жалат и да прават фаци поради долгото време на чекање.

Прекршоците на поединци често се стопирани од самите Норвежани, без разлика дали станува збор за кражба, измама или друг криминален акт.

Иако Норвежаните се добро ситуирани, тие се дискретни во врска со нивното богатство, не одат наоколу да се фалат што сѐ имаат.

Индиферентни се кон тоа како изгледаат другите, од облека до шминка и маникир, за ништо такво нема да добиете комплимент.

Односот кон децата им е смирен и разговорите се како возрасна личност со возрасна личност, нема врескање: „Престани, да го правиш тоа!!!“.

Иако 80% од населението живее во градовите, поголемиот дел од нив имаат летна куќа со брод, тие се вистински вљубеници во природата и постојано се во движење.

Терасите на отворено на кафулињата функционираат дури и кога температурите се под нулата, Норвежаните преферираат да го пијат кафето на свеж воздух (во нормални услови).

Образованието во Норвешка е на завидно ниво, а е комплетно бесплатно.

Јавниот превоз е соодветно прилагоден за луѓето со посебни потреби.

Во возовите кои одат на долги релации има т.н. семејни вагони, каде децата може да се забавуваат, без да ги вознемируваат другите луѓе.

Пешаците и велосипедистите носат рефлектирачка алка која прави возачите лесно да ги забележат и како резултат на тоа се избегнуваат незгоди.

Секогаш и секаде се врши селектирање на отпадот.

Во Норвешка 98% од електричната енергија доаѓа од обновливи извори на енергија.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ало професоре… здраво. Јас сум ваш бивш студент….

Ова е Мушу, преслаткото минијатурно кученце кое обожава да се сонча