во , ,

14 Најлошо направени восочни фигури во еден музеј во Бразил

Скулптор од Бразил е мета на шеги откако се прославија фотографиите од неговите смешни восочни фигури, кои се изложени во музеј во Бразил.

Еден музеј во Бразил стана мета на критики и шеги поради ужасните восочни фигури од славните кои се изложени внатре. Восочните фигури се дело на 77-годишниот скулпторот Арлиндо Армаколо и се направени пред повеќе од шест години, но дури сега станаа хит на социјалните мрежи.

Арлиндо ги направил скулптурите за црква во Парана – на југот од Бразил, а колекцијата ја сочинуваат фигури од кралицата Елизабета, Мерлин Монро, принцезата Дијана и бројни други славни и влијателни личности. Проблемот е што фигурите не само што не личат на личностите кои треба да ги претставуваат, туку изгледаат како карикатури.

Реклама

Од 2015-та фигурите се наоѓаат во музеј во Бразил, а почнаа да привлекуваат внимание откако некој споделил видео на Reddit од репортажа за колекцијата. Нормално, корисниците веднаш почнале да се шегуваат:

„Барем се потрудиле“.

„Интересно. Не се сеќавам дека Мерилин Монро или принцезата Дијана изгледале така“.

„Не можам да препознаам која личност ја претставува секоја фигура“.

„Чарли Чаплин изгледа како Мајкл Џексон да се преправил во Хитлер“.

„Ова е бразилска хорор-приказна!“

Скулпторот, пак, вели дека воопшто не му е грижа за лошите критики:

„Воопшто не ми е грижа за критичарите. Ако го правев ова за пари, можеби ќе ми беше важно дали другите го ценат тоа. Но, јас ги правам работите бидејќи уживам во нив. Ги направив фигурите за нашиот град. Ако луѓето ги сакаат, нека дојдат да ги видат. Ако не ги сакаат, нека не доаѓаат. Зошто да се грижам?“

Сепак, Арлиндо вели дека единствено бил загрижен што неговата внука тинејџерка тешко се справила со шегите на сметка на нејзиниот дедо:

„Таа е многу чувствителна. Дури и се расплака. Но, сега и таа се смее за целата ситуација“.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 Убедливо најужасни свадбени фотографии од руски свадби

Неверојатна глетка: Снег ја прекри пустината Сахара