во , ,

15 Необични нешта од државите ширум светот

Државите низ светот воодушевуваат со својата разновидност. Локалниот начин на живот и навиките од една до друга земја се комплетно поинакви.

Од Гана до Иран најчудните работи од земјите во светот:

Гана

Во селата немаат точна евиденција на денот на раѓање, не слават родендени, ниту се води сметка кој колку години има точно – се делат на млади и стари.

Реклама

Кенија

Возилата од јавниот превоз им се насликани со луди графити и опремени со силни музички системи. Возењето во хаосот е лудо, а во Најроби нормално е доцнењето на работа, затоа што понекогаш животните го блокираат патот.

Нигерија

Повеќе од половина од водата за пиење се продава во пластични ќесиња, наместо во шишиња.

Индија

Не е чудно да се омажите за дрво или куче пред навистина да стапите во брак, тоа е нормална практика во многу делови од Индија. Наводно тоа се прави за да се заштити невестата од злото, ако е родена под влијание на Марс.

Има „стоматолошки ординации“ по улиците, за оние кои немаат пари да појдат кај сертифициран стоматолог.

Постои специјален храм „Visa balagi“ каде луѓето се молат за да добијат виза за одредена земја. Тие сакаат многу да патуваат и бараат помош од боговите за да избегнат проблеми со визата.

Чили пиперки и лимони се врзуваат за вратите на канцелариите, продавниците, куќите и автомобилите за да го заштитат сопственикот од неуспех.

Холандија

Имињата на болестите се користат како навреда за луѓето кои не ги почитуваат правилата и пешачат по велосипедските патеки.

Израел

На автобуските станици има библиотеки, кои се базирани на систем на доверба.

Не е чудно ако видите 5-годишно дете како само минува улица, се качува во автобус или дури го чува своето помало братче/сестриче.

Иран

Aко некој ви понуди нешто треба да одбиете сѐ додека таа личност не почне буквално да ве моли да земете, дури тогаш може да се согласите, таква е практиката.

Комплетно нормално е локалци да поканат туристи да преноќат во нивниот дом, затоа ги бие глас дека се многу љубезни.

Исланд

Им посакуваат добро утро или добар ден на сите кои ќе ги сретнат на улица.

Нормално е да ги остават децата на улица во количка додека се во кафуле или продавница.

Турција

Се смета дека е некултурно да поканите гости во нечист дом.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

30 Креативни луѓе „пресоздаваат“ уметнички слики дома

8 Колоритни илустрации го раскажуваат животот во пар