во ,

18 Холивудски ѕвезди на нивното прво појавување на црвениот тепих VS. Денес

Погледнете како изгледале ѕвездите на нивното прво појавување на црвениот тепих.

Кејт Бекинсејл (1999)

Првата улога на Кејт беше во филмот „One Against the Wind“ од 1991-ва. „Pearl Harbor“ од 2001-ва е филмот што ѝ донесе светска слава

Џејк Гиленхал (1999)

Џејк ја добил првата актерска работа во 1991-ва, во комедијата „City Slickers“.

Актерот го привлече вниманието на јавноста во 1999-та, кога ја имаше главата улога во „October Sky“.

Ен Хатавеј (1999)

Кариерата на Ен започна со серијата „Get Real“ од 1999. Се прослави со филмот „The Princess Diaries“, каде што ја глумеше принцезата (на измислена држава) Миа.

Кејт Бланшет (1999)

Кејт ја започна актерската кариера во театар. После изведбата во претставата „Oleanna“ од 1993-та, ја нарекле најдобрата нова актерка на годината.

Нејзиното телевизиско деби беше во 1989-та, кога доби улога во серијата „G.P“. Кејт се стекна со светска слава после филмот „Elizabeth“ од 1998-ма, каде што ја имаше главната улога.

Гвинет Палтроу (1997)

Првото филмско појавување на Гвинет беше во 1991-ва, во филмот „Scream“.

Актерката ја доби својата прва номинација за Оскар во 1998-ма, за филмот „Shakespeare in Love“.

Том Круз (1986)

Актерската кариера на Том започна во 1981-ва, со мала улога во филмот „Endless Love“.

„Risky Business“ од 1983-та е филмот што го направи популарен.

Рејчел Вајс (2003)

Некои од првите улоги на Рејчел се во „Chain Reaction“ и „Stealing Beauty“ од 1996-та.

Сепак, „The Mummy“ од 1999, а потоа и „Constantine“ од 2005 ја направија ѕвезда.

Шејлин Вудли (2008)

Шејлин доби дури 5 номинации за Teen Choice Awards за улогата во серијата „The Secret Life of the American Teenager“ (2008-2013).

Но, дури после трилогијата „Divergent“, каде што ја имаше главната улога, светот дозна за неа.

Тејлор Свифт (2007)

Првенчето на Тејлор од 2006 е насловено „Tim McGraw“ и се најде на нејзиниот албум „Taylor Swift“. Овој албум ја направи популарна, и веќе во октомври следната година, пејачката беше прогласена за најдобар текстописец и артист на годината од страна на Nashville Songwriters Association.

Ова ја направи најмладата пејачка што ја освоила оваа награда.

Зeк Ефрон (2005)

Во 2006-та, Зек ја имаше главната улога во „High School Musical“, што се покажа како вистински хит.

Потоа актерот доби улога во филмската адаптација на бродвејскиот мјузикл „Hairspray“ и оваа улога го направи популарен.

Викторија Бекам (1998)

Во 1994-та, Викторија им се придружи на Spice Girls. Во 1996-та, нивниот сингл „Wannabe“ стана број еден хит во Велика Британија, САД и 29 други држави.

Зои Салдана (2005)

Првата филмска улога на Зои беше во „Center Stage“ во 2000-та. Подоцна, актерката се појави во „Crossroads“, а во 2003 глумеше во „Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl“.

Кристен Стјуарт (2005)

Во 2002-ра, Кристен се појави во „Panic Room“, а во 2004-та во „Catch That Kid“.

Рајан Гослинг (2004)

Уште од 1995-та, актерот имаше улоги во серии како „Are You Afraid of the Dark?“, „The Adventures of Shirley Holmes“ и „Young Hercules“.

Но, улогата што го прослави е онаа во „The Notebook“.

Мерил Стрип (1979)

Мерил дебитираше на филмската сцена во 1977-ма со филмот „Julia“. Првата номинација за Оскар ја доби за драмата „Kramer vs. Kramer“.

Леонардо ди Каприо (1989)

Леонардо глумеше во „Critters 3“ во 1991-ва. Две години подоцна, заедно со Џони Деп, глумеше во филмот „What’s Eating Gilbert Grape“. Неверојатната изведба му донесе номинации за Златен глобус и Оскар.

Салма Хајек (1995)

Во 1989-ва, Салма ја имаше главната улога во мексиканската сапуница „Teresa“.

Во 1995-та, филмот „Desperado“ ја прослави во САД и ѝ помогна да го привлече вниманието на холивудските филмски студија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Воодушевувачки убави места во светот кои како да се дел од некоја бајка

Урнебесни фотографии од кралското семејство