Секое пронаоѓање во делови од текстот е случајно. А вистинскиот може комотно и да го ставите во наводници, кој како милува…

1.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Вистинскиот Македонец никогаш не ја јаде подарената бомбониера. Тој ја дава на друг на подарок и така се во круг се додека не се расипе.

2.
Вистинскиот Македонец не носи наочари за вид, па макар и да е полуслеп, ама затоа наочари за сонце носи и ноќе.

3.
Вистинскиот Македонец презира жени со две презимиња.

4.
Вистинскиот Македонец го обожава звукот на виолина, ама само кога ќе му засвират на увце во кафана. Во Виенска филхармонија не може да ја смисли виолината.

5.
Вистинскиот Македонец или е за Вмро или е за Сдсм. И животот го дава за партијата.



