во

ОГНЕН ПЕКОЛ ВО САД: Гром удри во складиште за нафта во Оклахома, експлодираа неколку резервоари!

Огромен пожар избувна во едно од најважните американски чворишта за складирање и транспорт на гориво во Гленпул, во сојузната држава Оклахома, откако гром удри во резервоар на компанијата „Експлорер пајплајн“ (Explorer Pipeline).

Драмата започнала околу 8:30 часот наутро по локално време. Над постројката веднаш се издигнал огромен столб од густ црн чад, а на снимките од местото на настанот се гледа моментот кога пламенот избива од комплексот и делови од конструкцијата летаат низ воздухот по експлозијата на два резервоари, по што огнот зафатил и трет.

Супер Попуст -25%

Во резервоарите што се запалиле имало природен бензин — течно гориво што се користи во производството на бензин и други нафтени деривати. Според последните информации од локалните власти, за среќа, нема повредени.

Евакуирани луѓе, затворени училишта

Полицијата веднаш ги затворила околните улици, додека на жителите и вработените во блиските објекти им била препорачана итна евакуација. Училиштата во Гленпул биле ставени во режим на засолнување на учениците и персоналот внатре во објектите сè додека не помине опасноста.

На терен во текот на денот се наоѓале околу 50 припадници на противпожарните и другите итни служби. Пожарникарите успеале да изгаснат еден од зафатените резервоари, додека посебно внимание било насочено кон ладење на околните танкери за да не се прошири пожарот низ целиот комплекс.

„Од „Експлорер пајплајн“ соопштија дека пожарот бил предизвикан од директен удар на гром и дека постројката е обезбедена, додека дополнителни специјализирани екипи биле веднаш испратени во Гленпул.“

Низ овој систем минуваат огромни количини гориво

Размерите на инцидентот посебно загрижуваат поради стратешкото значење на самиот објект. Складиштето во Гленпул може да прими околу 3,4 милиони барели гориво во повеќе од 30 резервоари и претставува едно од клучните чворишта на системот на „Експлорер пајплајн“.

  • Системот се простира на повеќе од 2.900 километри и ги поврзува рафинериите на американскиот брег на Мексиканскиот Залив со пазарите во средниот дел на земјата.
  • Јужниот дел од системот може да транспортира околу 660.000 барели дневно, додека капацитетот на северниот дел достигнува приближно 450.000 барели дневно.
  • Низ него се превезуваат бензин, дизел, авионско гориво и други деривати.

По избувнувањето на пожарот е обоставена работата на постројките, поради што се отвора прашањето за можни краткорочни прекини и нарушувања во снабдувањето со гориво на американскиот пазар.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

МОРЕТО ПОЛНО СО МЕДУЗИ: Несекојдневна глетка во Хрватска ги шокираше туристите (ВИДЕО)

ХОРОР ВО УЧИЛИШТЕ: Ученик влета со пиштол, уби соученик, па си го одзеде животот!