во ,

5-годишно девојче ја нацртало мајка си во изолација – поради еден детаљ цртежот стана вирален

Цртежот на 5-годишната Мија станал хит на интернет поради начинот на кој е прикажана нејзината мајка Лаура Аплетон за време на изолацијата.

Мија ја нацртала мајка си со долга коса, со одвоени ‘кики’ и во виолетово-портокалов фустан со линии. Сепак, цртежот станал вирален поради еден детаљ.

Девојчето ги забележало и влакнестите нозе на нејзината мајка, па на цртежот додала и ситни влакненца на нозете.

Лаура фотографијата од цртежот ја објавила во Фејсбук групата „Housebound with Kids“, а објавата собрала повеќе од 3.000 лајкови.

„Ќерка ми ме нацрта премногу детално за мој вкус“, напишала покрај фотографијата која насмеала многумина.

Набрзо се појавиле и многу коментари.

„Можело да биде и полошо, можела да ти нацрта влакна и под пазувите“, „Можела да ти нацрта и мустаќи“, „Малата обрнува внимание на деталите“, биле дел од коментарите.

Што мислиш?

13 поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ако ги препознавате овие работи, стари сте…

Жено, те гледав од терасата 20 минути како паркираш, и знаеш што си мислам?