во ,

5 Вицови за плавуши за повесел ден

Вицевите за плавуши се едни од оние на кои се смеат дури и вистинските блондинки. За денес одвоивме неколку за вас, за повесел ден.

1. Плавуша во пошта праќа пакет на пријателка.

Службеникот и вели: Пакетот ви е претежок, мора да залепите уште една марка.

Реклама

Плавушата на тоа вели: Епа ако така станува полесен ајде да ставам.

2. Две плавуши прават сериозен муабет.

„Душо што мислиш, што е поблиску до нас Месечината или Лондон?“

„Хелоооууу!? Се гледа ли Лондон од тука?!“

3. Плавуша седи во кафуле и гледа во менито.

„Извинете, што ви е тоа хибискус?“

„Госпоѓо, тоа е чај“.

„А, добро, дајте ми тогаш еден хибискус од камилица.“

4. Влегува плавуша во продавница за очила и прашува:

„Имате ли наочари?“

Продавачот вели: „За сонце?“

„Не бе, за мене!“

5. Го држи плавушата бебето над лонец врела вода и чита:

„Ако детето не сака да го пие млекото, сварете го!“


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Наставничке, под десната мишка имате влакна!

Разговарале биолог, физичар, филозоф и типичен македонец на тема што е најбрзо на светот…