во , ,

7 Најомилени десерти кои ги памтиме од детството

Повремено кога шетам низ Градскиот Парк во Скопје, ќе го почувствувам мирисот на прегорен шеќер од тазе шеќерната волна кој веднаш ме враќа во детството.

И знам да кажам: „Леле колку сакав шеќерна волна!“, а на прсти можам да избројам колку пати ми била купена – бидејќи нели, не е здраво за забите.

Истото важи и за зашеќерените јаболка. Во наше време, немаше избор на слатки како денес и она што беше на располагање беше прилично едноставно.

1. Шеќерна волна на стапче во бела, сина или розова боја.

2. Зашеќерени јаболка во вид на лижавче.

3. Лижавчиња од прегорен шеќер – овие знам дека од мерак и дома ги имаме подготвувано.

4. Рум штангли, крем банани и чоко локум – кога ќе ги донесеше мајка ми тазе после работа.

5. Едноставен, домашно подготвен пудинг.

6. Рендано јаболко со шеќер и цимет – мој омилен десерт.

7. Еурокрем од чашката со очиња намачкан на обични бисквити.

Што мислиш?

28 поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 Скриени знаци кои покажуваат дека вашиот партнер емоционално ве изневерува

Неверојатна трансформација на поранешна зависничка од дрога