во , ,

7 Факти за тигрите кои симбол на сила и храброст

Во многу митови е наречен „крал на сите ѕверови“. Тигарот секогаш ги фасцинира луѓето, но и покрај тоа, малкумина се запознаени со овие факти. Дознајте неколку интересни работи за тигри кои сигурно ќе ве заинтригираат, ако сте голем љубител на животни.

1.Тигрите се загрозен вид

Луѓето со векови ловеле тигри, или заради нивното крзно или за други делови од телото. Покрај тоа, тие брзо ги губат живеалиштата, бидејќи луѓето ја користат нивната територија за свои цели.

За нешто повеќе од еден век, популацијата на тигрите опадна за дури 97% проценти, а овој тренд се очекува наскоро да доведе до нивно целосно исчезнување.


2.Повеќемина се наоѓаат во затвор

Се верува дека само 3.000 тигри во моментот живеат во дивина, додека нивниот број во зоолошките градини е близу до 10.000.

3.Тигрите се најголемите животни во семејството на мачките

На второто место се лавовите, додека јагуарите се трети. Сибирскиот тигар, најголемиот подвид на тигрот, тежи околу 300 килограми и е способен да убива животни двојно поголеми од него.

4.Тигрите обично живеат помеѓу десет и петнаесет години

Тигрите обично живеат сами и будни се ноќе. Само на почетокот на животот го поминуваат времето со своите мајки, но по неколку години стануваат независни и одат по свој пат.

5.Во многу култури, тигрот е симбол на сила и храброст

За жал, ваквите верувања го прават пожелен улов. Луѓето кои доаѓаат во Азија за да ги ловат се подготвени да платат големи суми пари за оваа привилегија.

6.Тигрите се месојади

Машките тигри претежно ловат и јадат сами. Ако имаат семејство, прво ќе им дозволат на децата и нивната мајка да јадат. Тигрите, меѓу другото, се хранат со месо од свињи, слонови, носорози, елени, а можат да консумираат до 21 килограм месо на ден.

7.Тигрите најмногу се потпираат на острите заби

Кога нивните заби не би биле толку убиствени, тигрите не би можеле да ловат други животни и најверојатно би умреле од глад.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Моќни илустрации што ги прикажуваат најголемите проблеми на денешницата

Одморалиште вредно 1,6 милијарди долари кое личи на град на духови – напуштени вили, уапсени инвеститори…