во , ,

7 Вицови за да ја завршите работната недела насмеани

Програмер

Мажот програмер се враќа дома доцна вечерта и жената го дочекува:

-Каде беше цела ноќ? Признај!

Реклама

-Па знаеш, драга, вчерашниот состанок се одложи, па на нашата нова секретарка и отиде последниот автобус. Ме замоли да ја однесам до дома. Кога стигнавме видов дека ми се дупнала гумата, па морав да ја сменам. Секретарката љубезно ме повика во својот дом за да ги измијам рацете и ми свари чај со рум. Кога сакав да си заминам видов дека полицајци на нејзината улица ги запираат автомобилите и ги проверуваат возачите дали пиеле алкохол. Почекав да си заминат, но тие многу се задржаа. Тогаш секретарката ми предложи да преспијам кај неа…и…ете…

– Не лажи, кретену! Знам дека пак цела вечер си бил во канцеларија и си зјапал во компјутерот!

Полицаец

Полицаец запира возило со куче на совозачкото седиште.

-Знаете ли дека не смеете да го возите кучето на предното седиште?

-Но, тоа е плишано куче! – одговара возачот

Полицаецот: Расата не е важна!

Глуп

Жената му се дере на мажот:
– А, бе, мажу, колку си глуп, поглуп не можеш да бидеш! Ууууф, колку ме нервираш… Да имаше натпревар во глупост, второ место ќе освоеше!
– Зошто па сега второ место?
– Па, затоа што си глуп!

Сила

Влегува човек во кафана и прашува:
– Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
– Ние сме!
– Е па, дојдете да го бутнеме југово.

Молери

Убава млада жена лежи на болнички кревет и чека да ја оперираат. Доаѓа човек во бел мантил, го крева чаршавот, ја одмерува голата жена горе доле и се тргнува на страна да се консултира со уште двајца во бели мантили. Доаѓа вториот и тој ја прегледува жената. На крајот доаѓа третиот и откако ја прегледува, жената веќе нетрпелива го прашува:
– Абе докторе, добро е што ме прегледувате, ама кога ќе почнете со операција?
– Не знам јас тоа, ние сме молери.

Сведоци

Судијата го прашува Рамче:
– Рамче, зошто крадеше?
– Ма не сум крадел, жими деците.
– Си крадел, си крадел, те виделе двајца сведоци.
– Не сум крадел судијо, жими све, имам 100 сведоци кои не ме виделе.

Полицаец и русокоса

Некој полицаец стопирал русокоса:
-Дај ми возачка.
-Немам.
-Тогаш дај ми лична карта.
-Немам ни тоа.
-Добро, тогаш дај ми нешто со што ќе можам да те индентификувам.
Русокосата ја зема чантата и му вади огледало.
Полицаецот се огледува во огледалото и вика:
-Па што не кажеш дека си колега бе!?


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Таа е супер дете, беше најдобар ученик, најдобар студент…

Поминува човек покрај една куќа, а на неа табла: ПРОДАВАМ КУЧЕ ШТО ЗБОРУВА…