во , ,

7 Интересни работи од домовите низ земјите во светот

Во Јапонија многу нови згради се поврзани меѓусебно со подземни премини преку кои може да стигнете исто така и до шопинг центри или до метро станица, односно под градовите има огромна мрежа на тунели, која е совршена кога истура дожд или има ураган.

Навиките во домаќинството кажуваат многу за луѓето, но има одредени навики кои едноставно доаѓаат од тоа во зависност во која земја сте родени или живеете.

На пример за Финците сосема нормално е дома да имаат сауна, а за Јапонците сѐ да им е со паметни системи.

Реклама

Интересни работи од домовите на луѓето низ земјите во светот:

– Во Виетнам голем број луѓе живеат и работат во иста зграда. Семејствата градат тесни и високи градби од кои првиот кат го користат како канцелари за нивниот бизнис, продавница или фризерски салон, а нагоре како место за живеење.

– Во Шведска луѓето ретко ја перат и сушат облеката во своите станови, туку одат во подрумската просторија од зградата наменета за перење и сушење на облека, каде само треба да закажат однапред.

– Во Сингапур, Јапонија и Јужна Кореја многу луѓе живеат во екстремно мали станови и за да имаат место за сѐ ставаат мултифункционален мебел, па така креветот се крева до ѕидот или пак работната маса се претвора во кревет и слично.

– Во Финска многу станови и куќи имаат сопствена сауна.

– Новите згради во Јапонија и Јужна Кореја се опремени со паметни системи, кои безбедноста и комфорот ги носат на едно сосема ново ниво, на пример преку апликација можете да си ја наполните кадата или да проверите дали пеглата ви е исклучена.

– Во Норвешка на крововите од многу куќи расте трева, која помага кровот да остане на место при силни ветришта и општо ја подобруваат микроклимата.

– Во Јапонија многу нови згради се поврзани меѓусебно со подземни премини преку кои може да стигнете исто така и до шопинг центри или до метро станица, односно под градовите има огромна мрежа на тунели, која е совршена кога истура дожд или има ураган.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Последици кај луѓето поради растењето во токсична семејна средина

10 Ситуации кои само високите девојки ќе ги сфатат