во , ,

7 Фотографии кои ќе ве збунат – сличноста меѓу нив е нереална: Не, ова не се светските ѕвезди туку нивните двојници

Дали некогаш сте се запрашале дали некаде на светот постои личност која што изгледа идентично како и вие?

Некои од светските ѕвезди имале можност да видат дека нивните двојници навистина постојат, а кога ќе видите колкава е сличноста меѓу нив нема да може да им поверувате на вашите очи.

1. Гиљермо Запата како Џорџ Клуни

Овој 40-годишен Шпанец не само што важи за еден од најсексапилните модели, туку и неодоливо потсетува на актерот Џорџ Клуни.

2. Роберт Мекинон како Рајан Гослинг

Инстаграм профилот на момчето од Калифорнија не можел да помине незабележан откако многумина ја увиделе сличноста со холивудскиот заводник Гослинг. Ова момче се занимава со електрика, а многу од дамите биле пријатно изненадени откако признало дека е „сингл“.

3. Франческа Браун како Кејти Пери

Освен што изгледа идентично како популарната пејачка, Браун се издвојува и по тоа што совршено ги искажува фацијалните експресии како популарната пејачка, но и нејзиниот стил.

4. Џејмс Мартин како Колин Фарел

Меѓу еден од моментално најголемите холивудски заводници и шармантниот Џејмс Мартин тешко е да се најде некоја разлика.

5. Британи Вилијамс како Бијонсе

Запознајте ја шармантната Британи, дамата од Детроит која што е „пресликана“ Бијонсе. Таа признала дека многупати фановите на Бијонсе ја запирале на улица.

6. Софија Соларес како Селена Гомез

22-годишната Мексиканка вели дека следбениците на Инстаграм секојдневно ја „преплавуваат“ со пораки и ѝ велат дека е „пресликана“ Селена Гомез. Таа признала дека е голем фан на пејачката и музичарката, но и покрај неверојатната сличност се труди да остане своја.

7. Џенис Гереј како Џенифер Лопез

Шармантната 28-годишна дама од Тексас може да се пофали со фактот дека изгледа како сестра близначка на една од моментално најубавите жени на светот – Лопез.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 Намирници кои се најмоќните сојузници во борба со хипертензијата

16 Илустрации покажуваат како луѓето ја замислувале иднината децении зад нас