во , ,

7 Чудесни градби кои им пркосат на сите правила: Уживајте во најубавите мостови на светот кои ќе ве воодушеват

Тешко е да се најде поромантично место за прошетка од овие мостови – особено еден германски. Иако легендата вели дека ваков совршен лак можел да направи само некој „ѓавол“, не постои ништо толку страшно поврзано со оваа средновековна култура.

Ние секогаш се восхитуваме со тоа што го создава природата, но исто така се восхитуваме и на различни архитектонски чуда.

Овојпат на ред дојдоа мостовите кои што се најпопуларни во светот.

Реклама

Bixby – Калифорнија

Мостот на оваа сојузна американска држава е една од најспектакуларните градби. Достигнува висина од околу 80 метри, а дава неверојатен поглед кон Тихи океан.

Columbia Icefield Skywalk – Канада

Овој стаклен мост во Алберт привлекува многубројни љубопитни и авантуристични духови. Се наоѓа на висина од 280 метри, а дава неверојатен поглед кон канадските планини.

Viaduc de Millau – Франција

Со својата висина од 343 метри, го држи рекордот за највисок мост на планетата, повисок за 19 метри од Ајфеловата кула. Многумина кои што го преминале мостот искуството го споделиле како „шетање по облаците“, а минималистичкиот дизајн се вклопува со зелената долина.

Ѓаволски мост – Германија

За него се поврзани многу легенди, поради совршениот лак на мостот, а една од нив е дека само ѓаволот можел да создаде такво чудо, но тоа не е вистината.

Бруклински мост – САД

Овој славен мост пружа фантастичен поглед кон Големото јаболко, така што доколку некогаш одите во Њујорк секако дека треба да го посетите. Инаку, мостот ги поврзува Бруклин со Менхетен.

Карлов мост – Чешка

Сместен во Прага, овој мост на В’лтава содржи повеќе споменици, а воедно важи за вториот најстар мост во Чешка. Неговото богатство е историјата, како и неколкуте легенди кои што се врзуваат за местото.

Rialto – Италија

Иако Венеција е позната и по други мостови, како што е мостот на воздишките, овој мост сепак е број еден во градот. Станува збор за најстариот венецијански мост, но неодамна бил целосно обновен. Изграден кон крајот на 16-ти век и е една од знаменитостите на градот.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Екстремни спортови кои се наменети само за најхрабрите

Парите му паднале од небо: Метеоритот кој паднал на неговата куќа го продал за милион и пол долари