во ,

8 актери коишто ретко умираат во филмовите: Чак Норис и Силвестер Сталоне се на врвот

Сте забележале дека одредени актери постојано „умираат“ во филмовите? Еден од нив е дефинитивно Шон Бин кој „умре“ дури 23 пати на филмското платно. Актерот познат по улогите во Game Of Thrones, The Lord of the Rings и Goldeneye едноставно ја има таа карма.

Но, постојат актери кои навистина ретко умираат на филмското платно.

Еве кои се тие: (внимавајте – има спојлери)

Чак Норис

Навистина е непобедлив. Норис има умрено само во Enter the Dragon.

Марк Волберг

И покрај многубројните улоги и Валберг е еден од актерите кои ретко умираат на филм, односно само во Fear и The Perfect Storm.

Вил Смит

„Смртта“ на славниот актер сме ја виделе само во 2 филма: I Am Legend и 7 Pounds.

Силвестер Сталоне

Слично како и Чак Норис, и Сталоне има „умрено“ само во еден филм: F.I.S.T.

Дајен Кругер

Актерката ја доживеа смртта на филмското платно само во Inglorious Bastards.

Арнолд Шварценегер

Актерот умре само во End Of Days, а постојано успева да се врати во продолженијата на Terminator.

Стивен Сигал

Филмската смрт на актерот ја посведочивме во Executive Decision и Machete.

Едвард Нортон

Актерот умре само во The Painted Veil и покрај многубројните филмски остварувања.

Што мислиш?

21 поен
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

30+ Катастрофални фризури од типот „Зашто ме људи избегавају?“

Енцо – златниот ретривер со генетска мутација кој освојува на прв поглед