во , ,

8 Фотографии што предизвикаа теории на заговор

Велат дека сликата вреди 1.000 зборови. Но колку се точни овие зборови е сосема друга приказна.

Во светот на теориите на заговор фотографиите имаат важна улога. Причината е што фотографиите долго се прифатени како доказ за многу нешта.

Но, некогаш и фотографиите можат да прикажат лажни нешта, без разлика дали намерно или не. А неретко, пак, доволна е само една фотографија за да се започне некоја нова теорија на заговор.

Во продолжение погледнете ги 8-те фотографии што стојат зад најпознатите теории на заговор, од кои дел се популарни и денес:

Лажно слетување на месечината

Околу 6% од Американците се убедени дека мисијата на Apollo 11 е лажна. Односно, тие веруваат дека слетувањето на месечината е само филмски проект, направен со цел САД да победи во „вселенската трка“ против Русија.

Кога се спомнува оваа теорија на заговор, најчесто се спомнува и оваа фотографија од Баз Олдрин покрај американското знаме.

Многумина сметаат дека тоа што знамето се вее „на месечевиот ветар“ е доволен показател за измамата.

Астронаутите велат дека знамето намерно е наместено во таа положба со помош на жица за да се направи илузија дека се вее.

Тело на „вистински“ вонземјанин

На 8-ми јули 1947-ма, војската на САД изјави дека во пустината во близина на Розвел, Њу Мексико, била пронајдена летачка чинија.

Само еден ден подоцна, армијата ја повлече старата изјава и ја замени со нова – летачката чинија била временски балон (алатка што собира информации за атмосферскиот притисок, влажноста, температурата и слично).

Но, очигледно задоцниле бидејќи веќе почнале да се шират гласини за мртов вонземјанин кој бил најден покрај вселенското летало.

Овој настан веднаш ги разгори теориите на заговор дека американската влада го прикрива постоењето на животот на други планети.

Подоцна, оваа фотографија беше обработена и приложувана како доказ за најдениот вонземјанин. Проблемот е што ова е само скулптура изложена во музеј.

Сатаната во чад

Терористичкиот напад на Светскиот трговски центар на 11-ти септември 2001-ва ги шокира сите. Па, не е ни чудно што одовде потекнаа и многу теории на заговор.

Кратко по нападот, многумина почнаа да зборуваат дека во чадот го виделе лицето на сатаната, а подоцна почнаа да се појавуваат и фотографии.

Изгледа луѓето биле толку ужаснати од овој настан, што не им се верувало дека виновник е некој друг освен олицетворението на злото.

Зошто втората кула се сруши многу брзо?

Ова е уште една теорија на заговор за нападите во 2001-ва. Многу луѓе веруваат дека нападот не бил терористички акт, туку контролирана експлозија оркестрирана од владата. Наводно, целта била да се оправда објавувањето војна на Средниот исток.

Оние кои веруваат во теоријата велат дека втората кула се срушила многу брзо, што е доказ дека станува збор за контролирана експлозија. Неретко, тие приложуваат вакви фотографии како доказ.

Подоцна се утврди дека втората кула била удрена со поголема брзина и затоа се срушила побрзо.

Траги од авиони или од нешто друго?

Авионите оставаат бели траги на небото кои се направени од кондензирана вода. Прашајте го кој било пилот, и тој ќе ви каже дека овие линии се сосема безопасни.

Но, ако поразговарате со личност која верува во теории на заговор, веројатно ќе слушнете нешто друго.

Некои луѓе веруваат дека овие траги се полни со хемикалии чија цел е да го контролираат човечкиот ум.

Елвис сè уште е жив

Пред повеќе од 40 години, Елвис Присли ненадејно почина од инфаркт. Неговата смрт растажи многу фанови, но и поттикна многу теории на заговор.

Постои теорија на заговор според која Елвис не е мртов, туку се крие. А, многумина имаат фотографии за кои се убедени дека се од Елвис.

Според некои, Елвис бил замешан со мафијата, па морал да си ја лажира смртта за да си го спаси животот.

И Стив Џобс уште е жив

Смртта на основачот на Apple беше шок за многумина, па не е ни чудно што и одовде се појавија многу теории на заговор.

Како што постојат „фото-докази“ дека Елвис е жив, постојат и многу фотографии на кои наводно се наоѓа сè уште живиот Стив Џобс.

Оваа фотографија е помеѓу најпопуларните и е направена во Кина, помалку од една година по смртта на Џобс.

Смртта на Мерлин Монро

Оваа фотографија е направена во мај 1962-ра година, кога Мерлин му ја испеа Happy Birthday на претседателот Џон Ф. Кенеди. Мерлин почина помалку од 3 месеци подоцна.

Токму оваа изведба на Мерлин ги разгори гласините за нејзината афера со Кенеди. Истовремено, ова е моментот кога тие го прекинале секој контакт.

Додека многумина веруваат дека смртта на Мерлин е несреќа или самоубиство, постојат и оние кои се убедени дека таа е убиена. Наводно, на некој му пречела нејзината афера со Кенеди, а „фаворит“ е братот на Кенеди – Роберт.

Се верува дека и Роберт имал афера со Мерлин, па поради тоа ја убил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кога имам кошмари и жена ми ќе ме пробуди…

Бугарката сака да има најголеми усни на светот: “Среќна сум со нив”