во ,

8 Интересни факти за британската кралска гарда: Ако се насмевнат, ќе платат казна…

Војниците кои се дел од британската кралска гарда следат безброј правила – не смеат да се насмевнат, немаат пауза за тоалет, а мораат да внимаваат и како ќе паднат ако изгубат свест.

Британската кралска гарда е можеби најпрепознатливата во светот, најмногу поради интересните костими на војниците, но и нивната неверојатна трпеливост и смиреност.

Ако не сте го посетиле Лондон, тогаш сигурно сте виделе барем едно видео каде што некој се обидува да измами каква било реакција од војниците во гардата, но најчесто безуспешно. А, ова е само еден доказ за неверојатната подготвеност на војниците.

Реклама

Можеби денес целта на гардата не е заштита на кралицата, но таа дефинитивно е важен дел од англиската култура и историја.

Во продолжение погледнете неколку забавни факти за најпознатата гарда во светот:

Како се станува дел од гардата?

Најпрво, морате да бидете жител на Велика Британија ако сонувате за ова работно место.

Сите мажи кои се дел од гардата се всушност војници од британската армија, па ова е уште еден услов што треба да се исполнува. Ова се искусни војници, а значките што ги носат на униформата ги добиле благодарение на нивната служба на бојното поле.

Сепак, иако ова работно место изгледа примамливо, војниците не добиваат многу голема плата. Во просек, тие добиваат околу 1.800 фунти месечно, што за британски стандарди и не е многу голема плата.

Што значат боите на униформите?

Наводно, црвената боја била поевтина за правење, па ова е една од причините што униформите на британската гарда се црвени. Истовремено, црвената е боја што е тешка за забележување на големо растојание, па во минатото непријателите на гардата не можеле со сигурност да одредат колку војници се на број.

Во постудените месеци, црвената униформа е заменета со сив капут.

Зошто војниците ги носат огромните шапки?

Најпрепознатливиот дел од униформата, огромните црни шапки, датираат од 17-тиот век. Капите ги носеле и британските и француските војници, бидејќи со нив изгледале поголеми, па верувале дека тоа ќе ги заплаши непријателите.

Можеби сте забележале дека шапките се прицврстени за брадата, а не за вратот. Причината е нивната тежина – ако војникот бил удрен по капата, а таа била прицврстена за вратот, постоела голема веројатност да му се скрши.

Колку тежат огромните шапки?

За ова работно место ви треба навистина силен врат. Имено, шапките тежат и до 4 килограми, а војниците мораат да ги носат постојано. Кога е врнежливо, пак, од водата тие можат да станат уште потешки.

Забрана за зборување

Војниците од гардата не смеат да разговараат едни со други додека се на смена. Всушност, тие не смеат да прозборат ништо, но имаат дозвола да ги прекорат туристите кои се обидуваат да ги провоцираат. Во вакви ситуации, најчесто извикуваат „Направете место за кралската гарда“.

Правила за губење свест

Овие луѓе треба да следат толку многу правила, па дури и во моментите кога губат свест. Стоењето со часови во проблематична униформа понекогаш е премногу за војниците, па често се случува некој да изгуби свест, особено во текот на летото.

Ако, пак, војникот сфати дека се чувствува лошо, тој мора да даде сè од себе за да стои исправено. Поради ова, кога конечно ќе попушти, војникот најчесто паѓа кон напред, а другите не мрднуваат со прст.

Забрана за смеење

Колку и да се обидувате да ги насмеете овие војници, нема да успеете, бидејќи тие мораат постојано да бидат сериозни. Ако го прекршат ова правило, можат да бидат казнети – ќе треба да платат 200 фунти.

Немаат пауза за тоалет

Војниците мораат да стојат на своето место пред палатата 2 часа без прекин. Ова значи дека во текот на тие 2 часа, додека трае нивната смена, тие не смеат да одат ни во тоалет.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 Вознемирувачки документарци кои докажуваат дека вистината понекогаш е пострашна и од хорор филм

55 Фотографии покажуваат што моментално се случува во Русија